Свет
Кадиров: Ако каже Путин подготвени сме да одиме и во Америка
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека чеченските единици можат да стигнат дури до Америка, доколку добијат таква наредба од рускиот претседател.
„ Доколку пристигне наредбата на врховниот командант, ние сме подготвени да одиме во Америка, оставајќи ја Молдавија далеку зад себе. За таквите наредби не се разговара, туку се извршуваат. Ги имаме сите потребни сили, средства и опрема за да ја спроведеме“, напиша на Телеграм лидерот на републиката, коментирајќи ја изјавата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов дека Русија наводно би можела да ги префрли чеченските единици во Молдавија за да го организира доаѓањето на власт на про- руските сили.
Кадиров истакна дека таквите „самоуверени експерти“ сè уште треба да ги проучуваат плановите на Русија, а обидите на Западот да ја разбие Русија траат уште од 90-тите години на минатиот век.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ѝ предал документ на претседателката на Молдавија, Маја Санду, кој претставува „детален план на Русија за уништување на политичката ситуација во Молдавија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп во страв: Сакаат да ме убијат
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден бил подготвен „да го отстрани и да го доведе во опасност неговото семејство“.
Трамп ова го кажа на социјалните мрежи и преку е-пошта. Во е-поштата, Трамп изјави дека „копнеат да го направат незамисливото“.
„Џо Бајден беше подготвен да ме ликвидира и да го доведе моето семејство во опасност“, напиша Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Вистина“, поранешниот американски претседател го обвини Министерството за правда дека има намера да употреби „смртоносна сила“ против него.
„Корумпираното Министерство за правда на Џо Бајден, во својот незаконски и неуставен напад врз Мар-а-Лаго, го овласти ФБИ да употреби смртоносна сила“, рече тој.
Гардијан вели дека ова се однесува на налогот за претрес извршен во август 2022 година, кога агенти на ФБИ во цивилна облека упаднаа во имотот на Трамп во Мар-а-Лаго во потрага по доверливи документи што тој, наводно, одбил да ги предаде на владата. Во судското поднесување на правниот тим на Трамп, поднесено во мај, се вели дека налогот за претрес содржи „политичка изјава во врска со употребата на смртоносна сила“, во која се наведува дека „службениците за спроведување на законот на Министерството за правда може да употребат смртоносна сила кога е потребно“, пренесува медиумот.
Во соопштението, ФБИ ја опишува употребата на тие зборови како „стандардна изјава за политика која ја ограничува употребата на смртоносна сила и дека никој не наредил да се преземат дополнителни чекори и дека нема отстапување од нормата во ова прашање“, стои во написите.
Свет
(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени
Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија.
Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Х, а пренесе Би-би-си.
BREAKING: Stage collapses during a political rally in northeast Mexico. At least four people are dead, and many are injured.pic.twitter.com/lWzzsBXzrO
— Viral News NYC (@ViralNewsNYC) May 23, 2024
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урна додека неколку луѓе беа на сцената.
Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.
Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети.
Во објава на Х тој изјави дека самиот не е повреден, но дека се повредени неколку членови на неговиот тим.
Свет
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.
Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.
Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.
„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.