Свет
Каракас одобри зголемено присуство на претставници на ОН за човекови права во Венецуела
Венецуелската влада се согласи да го зголеми присуството на претставници на Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права (УНХЦР) во земјата, соопшти претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува ТАСС.
„Се согласивме да ги подобриме координацијата и дијалогот, како и да го прошириме присуството на претставниците на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела за да продолжат да работат“, рече тој.
Мадуро, кој разговараше со високиот комесар за човекови права на ОН, Мишел Башелет, истакнал дека претставниците на Канцеларијата работат доста добро во земјата и го олеснуваат подобрениот дијалог. Канцеларијата за човекови права и владата на Венецуела договорија трајно присуство на нејзините експерти во јуни минатата година кога Башелет беше во посета на земјата.
Претходно, меѓународната мисија за утврдување факти за кршење на човековите права во Венецуела тврдеше дека националните власти биле вклучени во злосторства. Поточно, шефот на мисијата откри дека има основа да верува оти властите и безбедносните сили планирале и вршеле груби повреди на човековите права од 2014 година.
Извештајот на мисијата составен минатиот септември со одлука на Советот за човекови права на ОН содржи 411 страници. Тој се заснова на 274 далечински интервјуа што мисијата ги спровела со наводните жртви кога властите во Венецуела не одговориле на барањата за посета на земјата.
Експертите регистрирале 53 случаи на вонсудски егзекуции како и 2.552 дополнителни инциденти во кои безбедносните служби извршиле 5.094 убиства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.