Свет
Ким Џонг-ун не користел двојник туку ослабнал 20 килограми
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, изгубил околу 20 килограми откако претходно тежел околу 140 килограми, но се чини дека нема никакви здравствени проблеми, објави јужнокорејската разузнавачка агенција.
Извештајот објавен од Националната разузнавачка служба за време на парламентарната седница зад затворени врати, ги отфрла шпекулациите дека Пјонгјанг користел двојник на Ким за време на недамнешниот јавен настап, изјави за новинарите член на владејачката Демократска партија, пренесува „Јонхап“.
Според пратеникот, разузнавачите ја направиле проценката откако извршиле детална студија за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер користејќи вештачка интелигенција и други научни методи.
Здравјето на Ким е честа тема на шпекулации поради политичките последици во случај тој да не може да ги извршува своите должности, бидејќи засега не се знае кој би можел да биде негов наследник.
Според извештајот, Ким оваа година спроведувал јавни активности 70 дена, што е за 45 проценти повеќе од истиот период минатата година, објави НИС.
Тој, исто така, ги отстрани портретите на неговиот татко и дедо, поранешните лидери Ким Џонг-ил и Ким Ил-сунг, од позадината на официјалните средби, што укажува на излез од сенката на неговите претходници.
Сестрата на лидерот, Ким Јо-Јонг, имала јавни активности 34 пати оваа година, двојно повеќе од минатата година, и ги следи односите на Пјонгјанг со Јужна Кореја и Соединетите Држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење
Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните власти доцна во вторникот, опишувајќи ги нападите како меѓу најжестоките од почетокот на војната.
Гувернерот Александар Богомаз изјави на Телеграм дека нападите врз енергетската инфраструктура оставиле пет општини и делови од градот Брјанск без електрична енергија и греење.
Bryansk Governor Alexander Bogomaz says more than 170 Ukrainian drones were reportedly destroyed over the region. He says strikes on energy infrastructure left five municipalities and parts of Bryansk itself without heat and electricity. Emergency crews are trying to restore… pic.twitter.com/qDwshVm2YC
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) February 15, 2026
Тој рече дека нападот со беспилотни летала траел повеќе од 12 часа и дека биле соборени повеќе од 170 беспилотни летала.
Русија постојано го таргетира енергетскиот систем на Украина со ракети и напади со беспилотни летала откако ја започна својата целосна инвазија во 2022 година.
Russia's Bryansk adds itself to the list of cities and regions without basic utilities such as electricity, water and heating.
After Ukraine's strikes, Bryansk residents are in the dark and posting about it on social media. pic.twitter.com/sLFbXnKaCA
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) February 15, 2026
Како одговор, украинската војска ги засили нападите со беспилотни летала на руска територија, честопати таргетирајќи ги постројките за преработка на нафта и гас. Регионот Брјанск се наоѓа во близина на украинската граница и беше меѓу руските региони најпогодени од прекугранично гранатирање и напади со беспилотни летала за време на конфликтот.
Свет
Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови
Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој загинаа 15 лица, денес за прв пат се појави пред суд, објавија австралиските медиуми.
Навид Акрам, 24, се соочува со 59 обвиненија за нападот на 14 декември, вклучувајќи 15 обвиненија за убиство, 40 обвиненија за ранување со намера за убиство и тероризам.
Полицијата вели дека тој е одговорен за масовното пукање, а неговиот татко Саџид, 50, е убиен на местото на масакрот.
Акрам се појави на суд преку видео врска од Поправниот центар Гулбурн, затвор со максимална безбедност југозападно од Сиднеј, каде што е притворен, објавија медиумите.
Надвор од судот, адвокатот на Акрам, Бен Арчболд, рече дека неговиот клиент се справува најдобро што може со оглед на „многу тешките услови“ во затворот.
Арчболд рече дека е прерано да се каже како Акрам ќе се изјасни и дека не разговарал со него за деталите од нападот. „Се што правиме сега е да ја започнеме постапката“, рече адвокатот.
Се очекува судењето да продолжи во април, објави Ројтерс.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.

