Свет
Кина го усвои спорниот закон за национална безбедност за Хонгконг
Кинескиот парламент речиси едногласно го усвои нацрт-законот за национална безбедност за Хонгконг како одговор на протестите во некогашната британска колонија.
Речиси 3.000 пратеници во парламентот го усвоија законот, кој веќе предизвика реакции во САД.
Американските власти вчера соопштија дека Хонгконг веќе ја нема автономијата што им беше ветена од кинеските власти, со што се отвора пат САД да го укинат преференцијалниот трговски и финансиски статус на поранешната британска колонија, која го имала откога е вратена под управа на Кина во 1997 година.
Во меѓувреме, интервентна полиција е распоредена околу зградата на законодавниот дом во Хонгконг, каде што пратениците би требало да расправаат за нацрт-законот, кој би го криминализирал непочитувањето на кинеската државна химна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автомобил се забил во аптека во центарот на Пловдив
Млад човек доживеал несреќа доцна синоќа откако со својот автомобил удрил во излогот на аптека во централниот дел на Пловдив. Инцидентот се случил околу 22:00 часот, јавуваат бугарските медиуми.
Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина кога се судрил со такси, а неколку секунди подоцна продолжил по својот пат и се забил во излогот на аптеката. Продавницата во тој момент била затворена, со што се спречиле повреди.
„Го видов автомобилот – црниот Сеат – како вози многу брзо. Такси доаѓаше зад аголот и возачот нагло закочи, но не можеше да застане. Удри во таксито, а потоа отиде право во аптеката“, изјави очевидецот Иван Чананчалиев за БТВ.
Полицијата извршила увид на местото на настанот. Причините за несреќата се разјаснуваат.
Свет
Поранешниот претседател на Перу осуден на 14 години затвор
Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва.
Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна.
Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата.
„Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на социјалните мрежи како одговор на пресудата.
Примање мито за големи проекти
Тој беше прогласен за виновен за земање мито во вредност од над 600.000 долари во замена за доделување договори за големи проекти во Мокегва.
фото: епа
Свет
Воз прегази работници на железничка станица во Кина
Воз удрил и убил 11 работници на железничка станица во Кина, објави Ројтерс.
Двајца други беа повредени.
Инцидентот се случил во јужната провинција Јунан.
Според првичните извештаи, возот, кој тестирал сеизмичка опрема, удрил во работници кои стапнале на шините во градот Кунминг.

