Свет
Кулеба: Руските сили го киднапираа и градоначалникот на Днипрорудна

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека руските сили го киднапирале градоначалникот на градот Днипрорудна, кој се наоѓа на југот на земјата.
Според Би-Би-Си, Евхен Матвејев е вториот украински градоначалник кој е киднапиран од руските сили во последните три дена, откако градоначалникот на блискиот Мелитопол, наводно, бил киднапиран во петокот.
Според украинскиот министер Кулеба, градоначалникот Матвеев бил киднапиран од „руски воени злосторници“.
Today, Russian war criminals abducted another democratically elected Ukrainian mayor, head of Dniprorudne Yevhen Matveyev. Getting zero local support, invaders turn to terror. I call on all states & international organizations to stop Russian terror against Ukraine and democracy. pic.twitter.com/jEPTBTLikY
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 13, 2022
„ Бидејќи тие добиваат нула локална поддршка, напаѓачите се свртуваат кон теророт. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор против Украина и демократијата“, порача Кулеба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.