Европа
Лавров: Русија е подготвена да разговара за размена на затвореници со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за размена на затвореници преку постоечките дипломатски канали.
„Подготвени сме да разговараме на оваа тема, но во рамките на каналите за кои се договорија претседателите Путин и Бајден“, изјави Лавров за ТАСС.
Судот во Русија вчера ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор поради шверц на дрога.
„Ројтерс“ наведува дека пресудата може да го отвори патот за размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.
Европа
Стармер: Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин го отфрли прекинот на огнот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во саботата дека постои „апсолутно единство“ меѓу сојузниците на Киев околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот со Русија.
„Достигнавме точка на целосен договор во голем број земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, дека мора да има безусловно 30-дневно примирје“, рече Стармер на прес-конференција во Киев.
„Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин одбие прекин на огнот“, додаде тој.
„Сите ние овде, заедно со Соединетите Американски Држави, го критикуваме Путин“, рече тој.
Стармер додаде дека ако рускиот лидер е „навистина сериозен во врска со мирот“, сега има „можност да го покаже тоа“ со продолжување на примирјето од Денот на победата на 30-дневен безусловно примирје, по што би следеле преговори. „Без ако, без но“, заклучи Стармер.
Европа
Германија: Русија се соочува со построги санкции ако одбие примирје

Русија ќе се соочи со многу построги санкции ако го отфрли 30-дневниот прекин на огнот што го бара Западот, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју објавено во саботата.
Доколку Путин не се согласи на прекин на огнот, „ќе следи масовно заострување на санкциите, а масовната помош за Украина ќе продолжи – политички, се разбира, но и финансиски и воено“, изјави Мерц за „Билд“.
„Се согласуваме со американската влада, со Доналд Трамп. Бараме 30-дневен прекин на огнот за да можат да се подготват мировни преговори во тој период“, додаде тој. „Топката сега е во дворот на Путин. Путин мора да одговори на оваа понуда.“