Свет
(Видео) Лекари тврдат дека Трамп има тешкотии со дишењето
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатиот петок доби позитивен тест за коронавирус, завршувајќи во позната болница во Вашингтон каде што престојуваше три дена. Таму доби три различни терапии (експериментален коктел со антитела, ремдесивир и дексаметазон) и по три дена се врати во Белата куќа.
Откако со хеликоптер беше пренесен до тревникот на Белата куќа, Трамп се качи по скалите, ја симна маската и позираше пред фоторепортерите.
На снимката може да види дека Трамп има тешкотии со дишењето, а има и такви кои тврдат дека американскиот претседател видливо страда од болка. Тој веќе припаѓа на група со висок ризик (има 74 години), а отежнато дишење е еден од симптомите на корона.
Дишењето на Трамп по враќањето од болницата го коментираа и лекари и професори по медицина.
„Претседателот одеше како да страда од отежнато дишење. Направи околу 60 чекори (застана двапати) и искачи околу 30 скалила. Која беше неговата сатурација со кислород пред да замине од болницата Валтер Рид? Неговата ‘енергија’ не е реална, веројатно е несакан ефект на стероиди. Има многу други проблеми“, напиша д-р Талмаџ Кинг Jуниор, декан на USCF, еден од најпрестижните универзитети во Америка во областа на медицината. Кинг е, патем, еден од водечките светски експерти за болести на белите дробови.
Неговата проценка беше поддржана од неговиот колега од факултет, проф. д-р Боб Вахтер.
FYI, Dr. King, Dean @UCSFMedicine, is a world expert in interstitial lung disease.
If there was any doubt re lung involvement, this pic is worth 1000 words – this is what patients look like when a significant part of their lungs can’t exchange oxygen/CO2. A truly scary feeling. https://t.co/NiIM2u5sxW
— Bob Wachter (@Bob_Wachter) October 6, 2020
„Ако некогаш имало сомневање за состојбата на белите дробови, оваа слика зборува повеќе од 1000 зборови. Вака изгледаат пациентите кога значителен дел од нивните бели дробови не можат да разменуваат кислород и јаглерод диоксид. Навистина застрашувачко чувство“, рече Вахтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.