Свет
„Летовите што се во воздух, ќе останат во воздух“: нема полетувања и слетувања поради технички проблеми од Америка до Австралија
„Американ ерлајнс“, „Јунајтед“ и „Делта“ побараа од FAA да ги приземји сите летови поради глобалниот проблем со компјутерите, соопшти FАА во предупредувањето во петокот наутро.
FAA побара од контролорите на летање да им кажат на пилотите дека авиокомпаниите моментно имаат проблеми во комуникацијата.
Во меѓувреме, летовите во воздух – ќе останат во воздух, но нема да полетаат летовите на „Американ“, „Јунајтед“ или „Делта“, објави „Еј-би-си њуз“.
Сè уште не е познато колку е распространет проблемот, но познато е дека аеродромот во Мелбурн во Австралија исто така рече дека „доживуваат глобален технолошки проблем“, што влијае на нивните процедури за пријавување, пренесува „Н1“.
Проблеми се забележани и на аеродромот во Берлин, каде што во петокот наутро ниту еден авион не можеше да слета или полета. Причината, како што е наведено, е технички дефект, кој довел до доцнење во обработката.
Според непотврдени извештаи, имало голем дефект на серверот и се вели дека се активирани системи за итни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

