Свет
Лондон осветлен со светилки по повод рамазан, ифтарот ќе се одржи на фудбалските стадиони
Лондонскиот Вест Енд првпат е осветлен со 30.000 светилки за одбележување на светиот исламски месец рамазан. Улицата Ковентри, која го поврзува плоштадот Лестер со Пикадили, е осветлена со знакот „Честит Рамазан“. Светлата ги вклучил градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој е еден од 1,3 милион муслимани во Лондон што го слават рамазан, пишува Би-би-си.
Ајшеа Десаи, која беше инспирирана од својата наклонетост кон божиќните светилки, е одговорна за украсувањето на градот.
„Само имав амбиција да го направам тоа со божиќни светилки. Се сетив дека отидов да ги видам божиќните светла со сестра ми кога растев и имав можност да живеам на Блискиот Исток и сакав да ги донесам таа радост и магија во Лондон“, објасни Десаи, која го почна проектот пред три години.
„Изгледа неверојатно, презадоволна сум од реакцијата. Ова е толку важен месец за муслиманите. Сакав да ја подигнам и таа свест за нашите соседи да знаат дека ова е навистина важен месец за нас, тоа е мојот омилен месец во годината и јас сум само благодарна што сум денес овде“, додаде таа.
Отворен ифтар, вечерната трпеза што го означува прекинот на постот, ќе се одржи во музејот „Викторија и Алберт“, кој постави импровизирана џамија и подготви рамазански павилјон за муслиманите и за немуслиманите во јужен Кенсингтон.
Фудбалскиот клуб „Челси“ исто така ќе одржи отворен ифтар на страната на теренот на „Стемфорд Бриџ“, а подоцна во месецот ифтар ќе се одржи и на „Вембли“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
28 милиони долари за кампањата на Бајден собраа холивудските ѕвезди
Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари.
Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат.
Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), Џими Кимел, ги интервјуираше Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, кои ја истакнаа потребата да се победи поранешниот претседател Доналд Трамп.
Бајден истакна дека за време на неговиот претседателски мандат „усвоен е секој главен закон што бил планиран“. Додека Обама изрази восхит за сеопфатната легислатива за здравствена заштита, јавни работи, животна средина, новите технологии, безбедноста на оружјето и другите големи иницијативи што ги спроведува сегашната администрација.
Трамп синоќа беше во Детроит и ја критикуваше економската политика на Бајден.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.