Свет
Масовно апсење во Турција: 147 лица приведени поради врски со Исламската држава

Турските власти во 33 провинции во земјата уапсија 147 лица, кои се осомничени за поврзаност со операциите на терористичката организација Исламска држава.
Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја.
„Операцијата ‘Херои-49’ беше спроведена истовремено во целата земја“, објави Јерликаја на платформата Х.
Минатиот месец двајца вооружени напаѓачи на Исламската држава убија турски државјанин во католичката црква „Санта Марија“ во Истанбул.
Турската полиција ги фатила осомничените за нападот за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Откажани стотици летови и затворени јавни паркови во Кина поради силните ветрови и заканата од песочна бура

Пекинг откажа стотици летови и ги затвори јавните паркови поради силните ветрови и заканата од песочни бури.
Некои делови од земјата ги забележаа своите најмоќни ветрови во последниве 75 години, со брзина до 148 км на час.
Невремето собори стотици дрвја, коштетени се автомобили и постари домови низ главниот град на Кина.
Двата огромни меѓународни аеродроми, Пекинг Капитал и Даксинг, откажаа 693 летови до 14 часот по локално време, со предупредувања за лоши временски услови на патот, особено во северниот дел на земјата и покрај крајбрежните области.
Повеќе летови и возови беа откажани во другите делови на Кина.
Откажани се и фудбалските натпревари и другите настани на отворено.
Регион
(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.
Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.
Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.
Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.
Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.
Регион
Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на власта.
Студенти и граѓани пешачејќи и возејќи велосипед од Ниш синоќа пристигнаа во Нови Пазар каде денеска се одржува 12-часовниот голем собир „Слободата владее со чаршијата“. Предвидено е да започне во 11 часот пред Државниот универзитет и да трае до 23 часот. На студентите синоќа им беше приреден спектакуларен пречек, а како подарок на градот донесоа бел гулаб, симбол на мирот. Кон Нови Пазар организирано се упатија и граѓани од Крагуевац, но и моторџии од Војводина и Белград.
Паралелно, во Белград се одржува собирот под мото „Не ја даваме Србија“. Програмата ќе започне околу 13 часот, а централниот собир е пред Народното собрание во 19 часот.