Свет
Медведев: Ако Путин биде уапсен во Германија, сите руски ракети ќе летаат кон Бундестагот
Димитриј Медведев тврди дека светот се приближува до „нуклеарна апокалипса“ поради испраќањето оружје во Украина.
Споменатите забелешки тој ги даде како дел од интервјуто што го даде за главните руски медиуми, вклучително и државната медиумска агенција РИА Новости.
„Дали заканата од нуклеарен конфликт помина ? Не, таа не помина. Се зголеми. Секој ден кога и се доставува странско оружје на Украина, се доближуваме до нуклеарна апокалипса… Имам чувство дека до одреден момент не веруваа и не ја видоа решителноста на Русија и нејзиниот претседател“, изјавил Медведев.
Дмитриј Медведев,ја коментираше и потерницата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за рускиот претседател Владимир Путин, пишува Ројтерс.
„Секој обид за апсење на Путин би значело објавување војна на Русија“, објави сојузникот на Путин на Телеграм. Русија е една од земјите што не го признава МКС. Медведев тврди дека МКС е правна ништовност која никогаш не направила ништо значајно.
Што би значело тоа? Објавување на војна на Руската Федерација. И во тој случај сите наши ракети би летале до Бундестагот до канцеларијата на канцеларот“, рече Медведев во видеото објавено на Телеграм.
Кремљ вели дека налогот за апсење на МКС е политичка одлука, но бесмислена во однос на Русија. Руските власти ги негираат воените злосторства во Украина и велат дека Западот го игнорирал она што Русија тврди дека се украински воени злосторства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата.
Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.