Свет
Москва забрани прелети на беспилотни летала по обидот за атентат на Путин во Кремљ
Москва во средата забрани прелети на беспилотни летала над градот по тврдењата дека спречила украински обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин откога два украински дрона ја нападнале претседателската резиденција во Кремљ во вторникот вечерта.
„Овие акции ги сметаме за планиран терористички чин и обид за загрозување на животот на претседателот, извршени во пресрет на Денот на победата, парадата на 9 мај, на која е планирано присуство и на странски гости. Руската страна го задржува правото да преземе одмазднички мерки каде и кога смета дека е потребно“, се вели во соопштението.
Непосредно пред објавувањето на соопштението на Кремљ градските власти во Москва издадоа забрана на употреба на дронови во главниот град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека летовите со беспилотни летала ќе бидат забранети во сите случаи, во кои не е издадена посебна дозвола од властите.
„Забраната има цел да спречи неовластени летови со беспилотни летала, кои би можеле да ја попречат работата на органите на прогонот“, истакна Собјанин.
Остатоците од соборените беспилотни летала, кои биле неутрализирани од радарските борбени системи на руската армија, паднале во внатрешноста на Кремљ, но не повредиле никого, соопштија во средата од кабинетот на рускиот претседател додавајќи дека Путин не бил во Кремљ во моментот на нападот.
Потпретседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, изјави дека по последниот напад не останува друга опција, освен физичката елиминација на Володимир Зеленски.
Подоцна се појавија и видеоснимки, кои наводно го прикажуваат нападот со дронови на Кремљ и кои беа преземени и споделени од руските медиуми, но нивното потекло и автентичност не беа потврдени.
There were two strikes on the Kremlin, 16 minutes apart – Russian media.
The first drone was spotted over the Kremlin at 2:27 a.m. Moscow time. It exploded over the Senate palace and the palace’s roof was set on fire.
The second drone struck at 2:43 a.m. Its fragments fell on… pic.twitter.com/Ml4Vjryqlw
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 3, 2023
Високи украински претставници негираа вмешаност и сугерираа дека Русија бара изговор за дополнителни напади.
„Украина води исклучиво одбранбена војна и не напаѓа цели на територијата на Руската Федерација. Како што знаете, дронови може да се купат во која било воена продавница“, изјави претседателскиот помошник Михаило Подољак.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата дека неговата земја ги нападнала Москва или Путин велејќи дека ќе остави за тоа да одлучи трибуналот за чие основање се залагаат.
Зеленски посочи дека Кремљ, веројатно, се обидува да им го одвлече вниманието на Русите од своите неуспеси на бојното поле.
„Ние се бориме на сопствена територија, каде што ги браниме сопствените села и градови. Немаме доволно оружје за вакво нешто“, рече тој.
И од САД рекоа дека не може да го потврдат тврдењето на Москва, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека ги видел извештаите, но дека не може да ја потврди нивната автентичност.
„Не би зел ништо што ќе излезе од Кремљ здраво за готово. Ќе видиме кои се фактите“, рече Блинкен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

