Европа
НАТО почнува со нуклеарни вежби во Северна Европа
Денеска, НАТО ја почна својата годишна нуклеарна вежба со 60 авиони, кои учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија со цел да се практикува употребата на американските нуклеарни бомби распоредени во Европа, пренесува „Јутарњи.хр“.
Нуклеарните вежби, кои не вклучуваат вистински бомби, се одржуваат во услови на зголемени тензии откако Русија постојано се закануваше со нуклеарни напади во Украина по големите воени неуспеси на бојното поле таму, анализираат медиумите.
Вежбите, најверојатно, ќе се совпаднат со годишните нуклеарни вежби на Москва, наречени „Гром“, кои обично се одржуваат кон крајот на октомври, а во кои Русија ги тестира своите бомбардери, подморници и ракети способни да носат нуклеарно оружје.
НАТО соопшти дека вежбите на Западот не биле поттикнати од последните тензии со Русија.
„Вежбата, која ќе трае до 30 октомври, е рутинска, повторлива активност за обука и не е поврзана со никакви актуелни светски настани“, објави алијансата на својата веб-страница додавајќи дека нема да се користи бојно оружје.
„Оваа вежба помага да осигури дека нуклеарното одвраќање на алијансата останува безбедно и ефикасно“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.
Белгија е домаќин на вежби во кои учествуваат 14 земји и до 60 авиони вклучувајќи ги најнапредните борбени авиони на пазарот и американските бомбардери со долг дострел Б-52, кои ќе летаат од воздухопловната база „Мино“ во Северна Дакота, се вели во соопштението.
Во вторникот, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, јасно стави до знаење дека алијансата ќе продолжи со своите вежби и покрај напнатата меѓународна ситуација.
Откажувањето на вежбите поради војната во Украина би испратило многу погрешен сигнал, им рече тој на новинарите тврдејќи дека воената сила на НАТО е најдобриот начин да се спречи понатамошна ескалација на тензиите.
Но, како што пишува „Јутарњи.хр“, вежбите на северот на Европа не се единствените што почнуваат денеска – на другата страна на светот јужнокорејските сили ги почнаа своите годишни одбранбени вежби „Хогук“ наменети да ја зајакнат нивната способност да одговорат на север.
Вежбите треба да завршат в сабота и се најнови во серијата воени вежби на Јужна Кореја во последните недели, вклучително и заеднички активности со САД и Јапонија.
Пјонгјанг бурно реагира на јужнокорејските и заедничките воени активности нарекувајќи ги провокации и заканувајќи се со контрамерки.
Сеул вели дека вежбите на Јужна Кореја се редовни и фокусирани на одбраната.
Денеска, НАТО ја почна својата годишна нуклеарна вежба „Тико пладне“ со 60 авиони, кои учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија, со цел да се практикува употребата на американските нуклеарни бомби распоредени во Европа, пренесува „Јутарњи.хр“.
НАТО соопшти дека вежбите на Западот не биле поттикнати од последните тензии со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

