Свет
Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“
Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области.
„Големи количества вода пристигнуваат во нови региони“, предупреди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Нивото на водата во реката Урал во близина на Оренбург во средата се искачи на повеќе од 10 метри многу над точката на прекин, јави новинската агенција „Риа“.
Рускиот град Оренбург се подготвува за големи поплави поради надојдените реки во регионите што граничат со соседен Казахстан.
Сезонските поплави, поголеми од вообичаено, предизвикани од топењето на снегот од планината Урал, доведоа до евакуација на голем број луѓе од целиот регион Оренбург.
Покрај тоа, реката Урал, третата најдолга во Европа, во текот на викендот ја проби браната во блискиот град Орск.
Во Оренбург, град со 500.000 жители, на речиси 1.500 километри од Москва, водата се очекува да достигне рекордно ниво.
Над 10.000 дома се под вода, соопшти Министерството за вонредни состојби, од кое предвидуваат натамошно „покачување на температурата, активно топење на снегот и надојдување на реките“.
„Апсолутно сите што се наоѓаат во зоната на поплавите мора да ги напуштат своите домови“, рече Сергеј Салмин, градоначалник на Оренбург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

