Свет
Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел
САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за и Вашингтон да биде вовлечен во војната, изјави за „Ројтерс“ неименуван американски функционер.
Белата куќа претходно соопшти дека САД не сакаат конфликтот да се прошири на Блискиот Исток и дека САД му кажале на Иран дека не биле вклучени во воздушниот напад врз висок ирански воен командант во Дамаск.
Белата куќа соопшти дека го предупредила Иран да не го користи нападот како изговор за понатамошна ескалација во регионот.
Израелски воени авиони ја бомбардираа иранската амбасада во Дамаск во понеделникот, а Иран соопшти дека ќе се одмазди за нападот во кој загина висок ирански генерал и уште шест ирански воени офицери.
Ирански извори изјавија за „Ројтерс“ дека Техеран му сигнализирал на Вашингтон дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранската амбасада во Сирија на начин кој има цел да избегне голема ескалација и нема да дејствува избрзано бидејќи Техеран бара прекин на огнот и во Појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.
Свет
Трамп казнет со 9.000 долари
Помалку од седум месеци пред претседателските избори во ноември, на републиканскиот кандидат Доналд Трамп му се суди затоа што се обидел да го купи молкот на поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс неколку дена по изборите во 2016 година на кои ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Судијата Хуан Мерчан рече дека Трамп е казнет со 9.000 долари поради кршење на забраната за коментирање на сведоци. Обвинителите го обвинија поранешниот претседател дека повеќе пати ја прекршил забраната за коментирање и побараа од судијата да го казни со 1.000 долари по прекршок, пишува Гардијан.
Според забраната, Трамп не смее да дава, или да наложува други да даваат јавни изјави за сведоците на судењето, обвинителите и членовите на судскиот персонал. Пред судењето, судијата Мерчан ја прошири оваа забрана за коментирање на членовите на семејството откако Трамп напиша објава за ќерката на Мерчан.
Трамп мора да отстрани седум навредливи објави од социјалната мрежа „Truth Social“ и две објави од неговата веб-страница на кампањата до 14:15 часот. „Го предупредуваме обвинетиот дека судот нема да толерира натамошно кршење на правните наредби и дека доколку е потребно и соодветно со оглед на околностите ќе биде осуден на затворска казна“, се вели во судската пресуда.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.