Свет
Нетанјаху е подготвен да ризикува тензии со САД за да го спречи Иран да поседува нуклеарно оружје
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека се подготвени, дури и да ризикуваат тензии со Соединетите Американски Држави за да спречат Иран да поседува нуклеарно оружје, пренесуваат светските агенции.
На церемонијата по повод назначувањето на шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Нетанјаху рече дека најголемата егзистенцијална закана со која се соочува Израел е можноста Иран да поседува нуклеарно оружје.
Тој исто така повика на продолжување на тајните операции против Иран. Тој посочи дека му ја пренел својата позиција во врска со иранската нуклеарна програма и на американскиот претседател Џо Бајден.
„Тоа му го кажав на Бајден, кој ми е пријател 40 години. Му реков, без разлика дали е постигнат договор или не, ние ќе продолжиме да правиме сѐ што е во наша моќ да го спречиме Иран да поседува нуклеарно оружје. Ако требаше да избереме помеѓу тензиите со нашиот голем пријател Соединетите Американски Држави и отстранувањето на егзистенцијалната закана, а се надевам дека тоа нема да се случи, ќе бевме на страна на отстранување на егзистенцијалната закана“, рече Нетанјаху.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.