Свет
Нетанјаху: Израел нема да му дозволи на Иран нуклеарно оружје
Израел нема да му дозволи на Иран да поседува нуклеарно оружје, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кога Техеран најави дека ќе престане да се придржува на одредени делови на нуклеарниот договор од 2015 година.
„Утрово слушнав дека Иран планира да продолжи со својата нуклеарна програма. Нема да му дозволиме на Иран да поседува нуклеарно оружје“, рекол Нетанјаху во говорот по повод Денот на сеќавање на паднатите војници.
Претходно, денеска, претседателот на Иран, Хасан Рохани, објави дека се повлекуваат од клучните обврски на меѓународниот нуклеарен договор, од кој пред една година излегоа и САД.
Тој најави дека во текот на денот ќе им испрати писмо до лидерите на Русија, Кина, Германија, Франција и на Велика Британија. Сите тие, заедно со Иран и САД, беа потписнички на договорот, според кој Иран го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.