Свет
Нови напади на руските сили врз Киев, Зеленски порача: Руската власт ќе падне по поразот во Украина
Русија почна нов бран воздушни напади врз Киев со беспилотни летала и крстосувачки ракети.
Воената команда во главниот град на Украина соопшти дека украинските единици за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 40 проектили лансирани од руските сили.
Во нападот, според украинските власти, немало поголеми штети или жртви во Киев, но во својата објава на каналот на „Телеграм“ градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напиша дека минатата ноќ била тешка.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската влада ќе падне по поразот на Кремљ во војната против Украина.
Consequences of night arrivals of “Shahids” in Kyiv
According to Zelensky, this was one of the largest Shahid attacks – 54 drones at the same time. pic.twitter.com/jM5lXy55zV— Spriter (@Spriter99880) May 29, 2023
„Киев и сите наши градови, цела Украина, ќе стават крај на историјата на деспотизмот на Москва, кој држеше многу луѓе во заробеништво многу долго време“, рече Зеленски во своето видеообраќање.
Тој не ѝ се обрати на јавноста од својот кабинет како и обично, туку на улицата пред претседателската канцеларија во Киев.
#Russia unleashes ‘massive’ airstrikes on Ukraine’s kyiv
Russia has unleashed two waves of air strikes on the Ukrainian capital kyiv, killing at least one person and wounding another,…#WORLD https://t.co/h0CIbJVIoV
— Eliteviser (@EliteViser) May 29, 2023
„Украинската воздушна одбрана успеа речиси целосно да одбие еден од најголемите напади со руски беспилотни летала од почетокот на војната“, рече Зеленски додавајќи дека Москва се обидела да му го расипе денот на Киев.
„Киев преживеа злосторства во текот на својата историја и ќе ги преживее руските напади и нема да дозволи Русите да го освојат“, додаде Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.