Контакт

Daily news

Од каде му се парите на Ким Јонг Ун?

Објавено пред

Ким Јонг Ун на воените паради редовно излегува од најлуксузни автомобили. Тоа не би било изненадување за претседател, но со оглед на тоа дека земјата е доста затворена, прашање е кој му ги продава тие луксузни работи.

dobivaj vesti na viber

Северна Кореја е под тешки меѓународни санкции, но Ким се уште продолжува да живее крајно луксузно, пишува Си-Ен-Ен. Неодамна се стекна со голема и раскошна бела јахта, како и со опрема за уредување на луксузен ски-центар. Во 2012 година Северна Кореја увезе луксузни стоки во вредност од 645,8 милиони долари. И ако сте тргне делот од Кина, се проценува дека Северна Кореја увезува повеќе луксузни предмети отколку останати производи од светот. Како е можно, кога лидерот на земјата минатата година ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за можна глад, да си дозволува таков луксуз?

Експертите велат дека ваквата трговија Ким ја финансира преку своја банка, во која се слеваат приходите од нелегалните бизниси на Пјонгјанг во светот. Северна Кореја ја обвинуваат дека хакира банки,продава оружје, шверцува лекови, фалсификува пари и дури шверцувани загрозени видови, и сето тоа и носи стотици милиони долари. Овие пари се користат за плаќање на националните нуклеарна и ракетна програма, за кои Пјонгјанг смета дека му требаат за да се спротивстави на САД кои се обидуваат да го соборат режимот. Нуклеарната програма на Северна Кореја се развива брзо и покрај санкциите и земјата се противи на сите американски обиди за преговори да денуклеаризирање.

Во практика, невозможно а да се следат сите овие нелегални текови на пари, кои се многу сокриени. Сепак, Конгресната истражувачка служба соопшти дека земјата на годишно ниво од нелегални активности може да собере меѓу половина и една милијарда долари.

Постарите Ким беше голем љубител на филмови и на Џејмс Бонд, од кои црпел идеи за атентати на непријателите со користење на пенкала и киднапирал филмски ѕвезди за да формира националната филмска индустрија, позната како “Канцеларија 39” . Американското Министерство за финансии смета дека таа Канцеларија му служи како поддршка за водење на нелегални активности и за чување на тајни фондови. Администрацијата на Обама се обидуваше со своите санкции да удри на оваа Канцеларија но не успеа да ги запре нејзините активности. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД ќе се обидат да удрат на Северна Кореја така што ќе ги казнуваат третите земји кои му помагаат на Пјонгјанг да ги крши санкциите. Тилерсон не прецизираше како ќе ги принуди третите земји да соработуваат, но дел од стратегијата вклучува убедување на земјите низ целиот свет да ги прекинат дипломатските односи со Пјонгјанг.

Дипломатското присуство на Северна Кореја во многу земји е многу посилно отколку што би било фер, вели Патрик Марфи, заменик-помошник секретар во Департментот за Источна Азија во Стејт департментот. Дипломати од целиот свет ја обвинуваат Северна Кореја дека ги користи дипломатските привилегии за криумчарење злато и оружје. Амбасадорскиот персонал е корисен, бидејќи е подвижен и е заштитен со дипломатски имунитет.
 
Креативност на оваа земја расте последниве години, при што од Југоисточна Азија ја обвинуваат за вмешаност во планирање атентати на дипломати и за покренување на шверц со оружје. Еден од оние кои продолжуваат да прават бизнис со Пјонгјанг е филипинскиот претседател Родриго Дуерте кој е, исто така, претседател на АСЕАН. Од 10 земји во оваа организација, во осум има амбасади на Северна Кореја, покрај уште 39 земји останати во светот.

Азијските земји одржуваат врски со Северна Кореја од многу причини – дипломатски, културни или економски.На кина отпаѓа 85 проценти од целиот увоз на Северна Кореја. Кина е спас за Северна Кореја и за нејзината економија, што спречува американските санкции да влијаат на земјата.
Ибедувањето на Кина да преземе решителна акција би значело дека таа треба да ја насочи против своите компании, но, исто така, да ја наруши рамнотежата на моќта во регионот, а тоа нема да биде лесна задача, вели Дејвид Коен, поранешен заменик-директор на ЦИА. Кина е многу загрижена од ризикот да се наруши стабилноста на Корејскиот Полуостров. Зависноста, пак, на Пјонгјанг од Кина ги открива областите каде е чувствителен.
 
“Од 2013 до 2016 имаше само 5.233 компании од Кина кои увезуваа или извезуваа во Северна Кореја. За споредба, во 2016 година во Јужна Кореја извезувале 67,163 компании од Кина.Претседателот Доналд Трамп го молеше кинескиот претседател Кси Џинпинг да му помогне со Северна Кореја. Трамповиот речник за време на кампањата околу Кина значајно омекна по средбата на двајцата лидери во луксузното одморалиште во Флорида. Се зависи од Кина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија4 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија4 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија6 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ8 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет9 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија9 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија9 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија10 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија20 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија23 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...