Контакт

Европа

(Од минута во минута) Русија им се закани на странските платеници во Украина, разнесено складиште со оружје близу нуклеарка

Објавено пред

Нов ден од руските напади врз Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

Напад на телевизиска кула во Украина – најмалку девет загинати

Руската војска им се закани на странските платеници во Украина

Разнесено складиште за оружје во близина на нуклеарката Запорожје

Мариупол под силни напади

Во Киев падна бомба врз станбена зграда, има загинати

Најмалку две лица загинаа, а најмалку три се повредени во рускиот ракетен напад во кој утринава непосредно пред 6 часот беше погодена станбена зграда во Киев

Починаа трудницата и бебето од сликата која го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат и денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

(Од минута во минута)

21:45 Во Донбас се водат жестоки борби

Според „Киев Индипендент“, повикувајќи се на воени извори, украинските сили убиле 100 руски војници и уништиле шест возила. Како што пишуваат, Русите се обиделе да ја пробијат украинската одбрана, но биле спречени.

21:42 Путин: Нова варварска акција на украинските војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Нафтали Бенет, соопшти Кремљ.

„Спутник“ пренесува дека Кремљ соопшти дека за време на разговорите со Бенет, „ Путин го привлече вниманието на новата варварска акција на украинските војници – денешниот ракетен напад врз централните области на Доњецк со употреба на касетна муниција, што доведе до голем број цивилни жртви“.

21:20 Жена упадна во програма во живо на руската државна телевизија: Не за војната, ве лажат

Преносот во живо на руската државна телевизија го прекина една жена мавтајќи со плакат на кој пишуваше „Не на војната, прекинете ја војната“, пишува Би-би-си.

На снимките кои се шират во Русија, особено преку апликацијата „Телеграм“, се гледа како жената влегува во кадарот зад водителката во информативната програма Време на Првиот канал.

20:33 Напад на телевизиска кула во Украина – најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а девет се повредени денеска во руски напад на телевизиска кула во близина на градот Ривне во западна Украина, соопштија локалните власти.

„ Во 16:00 часот по Гринич можеме да потврдиме дека има девет мртви и девет повредени“, изјави за новинарите Валериј Кобал, претставник на локалната власт.

Кобал објасни дека два проектили погодиле телевизиска кула во селото Антопилу, 15 километри источно од Ривне, како и административната зграда до неа.

20:21 Од Москва стигна одговор на понудата на Илон Маск

Дмитриј Рогозин, шеф на руската државна корпорација за вселенски активности „Роскосмос“, се огласи на својот твитер-профил како одговор на предизвикот на милијардерот Илон Маск до рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно денеска директорот на „Тесла“ и „Спејсикс“ го повика рускиот претседател да се бори „еден на еден“ за Украина.

Шефот на „Роскосомос“, како одговор на Маск, го цитираше рускиот поет Александар Пушкин.

19:58 Илон Маск го повика Путин на борба: Влогот е Украина

Најбогатиот човек на планетата Илон Маск се огласи на својот Твитер профил со порака испратена до рускиот претседател Владимир Путин.

„ На овој начин го предизвикувам Путин на индивидуална борба“, напиша Маск, делумно на латиница, делумно на кирилица и додаде:

„Влогот е Украина“.

19:48 Руската војска со предупредување: Местата каде што се странските платеници ќе бидат гранатирани

Сите места каде што се наоѓаат странски платеници во Украина и се познати на руската армија и во иднина ќе бидат гранатирани, соопшти официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

„ Голем број западни земји на државно ниво го охрабруваат учеството на своите граѓани како платеници во борбата против единиците на руските трупи. Целата понатамошна одговорност за смртта на оваа категорија странски државјани во Украина е на раководството на овие земји“ изјави Конашенков.

19:31 Гутереш: Зголемена е опасноста од нуклеарен конфликт

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека неодамнешното зголемување на нивото на подготвеност на нуклеарните сили во Русија ја зголемило опасноста од нуклеарен конфликт.

Тој рече дека ова е развој на настани што ја замрзнува крвта во вените и дека она што некогаш било незамисливо се вратило на возможното.

19:28 Бајден можеби ќе отпатува за Европа на разговор со сојузниците

Претставници на Белата куќа разговараат за можноста Џо Бајден да отпатува во Европа во наредните недели за да разговара за Русија и Украина со сојузниците.

Ова во понеделникот го изјави извор запознаен со ситуацијата.

19:13 Кои се и што работат волонтерите кои се приклучија на војната во Украина?

Повеќе од 20.000 доброволци од 52 земји изразија желба да се приклучат на војната во Украина, соопшти Министерството за одбрана минатиот викенд. Си-Ен-Ен разговараше со неколку волонтери во Украина. Тие забележуваат дека сите волонтери поминуваат низ одредена обука. Некои може да пружат помош на бојното поле, додека други можеби воопшто не се сведоци на судирите.

Украинските власти нагласија дека ова „не е покана за авантуристи или викенд-воини“, туку „служење на борбата против големата и безмилосна војска“. Русите, од друга страна, ги сметаат доброволците за платеници, а граѓаните на САД би можеле да се соочат со прогон, заробеништво или смрт. САД, соопштија државните власти, нема да можат да ги евакуираат своите граѓани од Украина.

19:11 Преговорите помеѓу Москва и Киев се тешки, но двете страни сугерираат дека е постигнат напредок

Украина објави дека водела „тешки“ преговори со Русија за прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции, истиот ден кога едно лице загина, а 12 беа повредени во гранатирањето на станбена зграда во Киев.

Двете страни навестија дека некои резултати од разговорите се на повидок, по претходните рунди разговори кои првенствено се фокусираа на прекин на огнот и доставување помош до опколените градови и евакуација на цивили.

18:59 Јанша: Русија врши етничко чистење во Украина

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека некои акции на руската армија во агресијата против Украина го потсетуваат на етничко чистење.

„ Она што се случува во Украина не е само војна, туку етничко чистење на украинските градови долж Црното Море“, рече Јанша во парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање за војната на Путин и ги спореди акциите на руската армија во кампањата во Мариупол со ситуацијата во БиХ под опсада на неколку градови, по што беше проследено со етничко чистење.

18:55 Украинскиот премиер: Руски воен пилот фрла бомби врз сопствената мајка

Украинскиот премиер Денис Шмихал на виртуелен начин му се обрати на Советот на Европа во име на претседателот Володимир Зеленски, кој не можеше да го стори тоа поради, како што рече, „итни и непредвидени околности“.

Шмихал рече дека Европа избрала пацифистички пат пред Русија наместо „да ги брани вредностите на демократијата, владеењето на правото и човековите права“.

„ Денес, руската влада ги мобилизира жителите на Крим во руските вооружени сили, принудувајќи ги луѓето заштитени со Четвртата Женевска конвенција да служат во вооружените сили на непријателска држава. Руски воен пилот фрла бомби врз сопствената мајка. Тешко е да се поверува, но и такви лудости станаа нормален живот за агресорот“, рече Шмихал.

17:19 Украина: Русите разнесоа складиште за оружје во близина на нуклеарката Запорожје

Украински „Индепендент“ на апликацијата „Телеграм“ сподели информации дека руските војници разнеле складиште за оружје пред нуклеарната централа Запорожје.

Во соопштението на украинската нуклеарна компанија „Енергоатом“ се вели дека се уште не е јасно дали нивото на радијација е зголемено по експлозијата.

15:30 Завршени преговорите за денеска

Преговорите за денеска завршија, најавено е дека ќе продолжат утре.

Украинскиот преговарач Михаило Подолијак на „Твитер“ напиша дека е направен „технички прекин“ во разговорите меѓу Украина и Русија до вторник.

„За дополнителна работа во работните подгрупи и појаснување на поединечните дефиниции. Преговорите продолжуваат“, соопшти Подолијак.

14:04 Кремљ за прв пат потврди дека планира да окупира големи украински градови

Во изјавата емитувана на државната телевизија Русија 24, портпаролот на Кремљ рече дека урбаната војна неизбежно ќе доведе до голем број цивилни жртви.

Тој додаде: „Министерството за одбрана, иако обезбедува максимална безбедност на цивилното население, не ја исклучува можноста да стави под своја целосна контрола големи центри на население, со исклучок на зоните што се користат за хуманитарна евакуација“.

14:00 Зеленски: Сега кога окупаторот се уште е на наша земја, мора да го победиме

„Русија продолжува да ја уништува нашата инфраструктура, продолжува да ги победува нашите градови. Но, ние ќе ја обновиме секоја улица, секој град. Секоја куќа, стан на секој Украинец. Сега, кога окупаторот се уште е на нашата земја, ние мора да се бориме против него колку што можеме. Да ги заштитиме нашите градови, нашите села, да го заштитиме секој метар од нашата земја. И секој дел од нашето срце. На украинското срце. Украински души. Но, ние ќе ја обновиме секоја улица, секој град“, рече тој.

13:45 Кличко објави фотографии од улиците на Киев по нападот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави фотографии од нападот врз Киев на „Телеграм“.

„Киев денеска беше нападнат од непријателот. Рано утрото граната погоди деветокатница во Оболон. Според новите податоци едно лице загина, а 10 се повредени. Околу 70 жители се евакуирани“, напиша Кличко со објавените фотографии.

 

 

 

13:20 Песков: Руската операција во Украина се одвива според планот, не баравме помош од Кина

Руската специјална воена операција во Украина продолжува во согласност со првичниот план и ќе биде завршена навреме и целосно спроведена, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

12:47 (Видео) Нов напад на Киев, проектили го погодија поширокиот центар на градот

„Се чини дека проектил погодил градски автобус. До него има оштетено такси. Ова е исто така густо населена област. Во моментот има четири возила на брзата помош на местото на настанот“, јави дописничка на „Скај њуз“.

12:35 Украински оператор: Руските сили го оштетија далноводот до нуклеарната централа Чернобил

Операторот на украинската електроенергетска мрежа соопшти дека руските сили уште еднаш го оштетиле далноводот до нуклеарната централа Чернобил, пренесуваат медиумите во светот.

12:30 Мишел: Ако НАТО влезе во конфликт со Русија ќе избие Трета светска војна

Влегувањето на НАТО во конфликтот за Украина може да предизвика Трета светска војна, предупреди претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Правиме се’ што можеме за да не го ескалираме конфликтот. Русија е нуклеарна сила и свесни сме дека ако овој конфликт се претвори во конфликт на НАТО против Русија, тогаш ќе се случи Третата светска војна“, рече Мишел во интервју за шпанскиот весник „Паис“.

epa08036990 President of the European Council Charles Michel delivers his statement during a ceremony marking the 10th anniversary of the Lisbon Treaty and the start of new EU Institutional Cycle in Brussels, Belgium, 01 December 2019. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

11:51 Советникот на Зеленски: Во Мариупол загинаа 2.500 луѓе

„Се проценува дека најмалку 2.500 луѓе загинале во јужниот пристанишен град Мариупол од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари“, рече Арестовиќ, додавајќи дека бројката ја пријавила градската управа на Мариупол.

11:49 Почнаа преговорите

Украинскиот преговарач објави фотографија од почетокот на онлајн средбата со Русите.

11:29 Украински обвинител: Во руските напади загинаа 90 деца, а над 100 се повредени

Деведесет деца се убиени, а повеќе од стотина се ранети во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопштија од канцеларијата на главниот украински обвинител, а пренесуваат „Скај њуз“ и Би-би-си.

11:05 Најмалку 20 загинати, вознемирувачки снимки од напад на зградата на владата во центарот на Доњецк

Во близина на зградата на Владата во центарот на Доњецк е соборена украинска ракета Point-U, а во нападот има и жртви, јавуваат локалните власти.
Кадрите и фотографиите се од центарот на Доњецк, каде што беше соборена ракетата, јавуваат медиумите.

11:00 (Видео) Жители на уништена зграда во Киев се качуваат по своите работи

10:30 Еден од најбогатите Руси: Се заканува глобалната криза со храна

Војната во Украина е трагедија која мора да се прекине или ќе дојде до глобална прехранбена криза, бидејќи цените на ѓубривата се веќе превисоки за многу земјоделци, изјави рускиот „крал“ на јаглен и ѓубрива Андреј Мелниченко.

Неколку од најбогатите руски бизнисмени веќе јавно повикаа на мир откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари, вклучувајќи ги Михаил Фридман, Пјотр Авен и Олег Дерипаска.

10.00 Кина: Американските тврдења дека Русија побарала од нас воена помош се дезинформации

Кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли како дезинформација изјавата на американските функционери дека Москва му се обратила на Пекинг за помош во воена опрема за да ја продолжи инвазијата на Украина. Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во Пекинг.

09:50 Подољак: Ќе разговараме за мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и членот на преговарачкиот тим Михаило Подољак објави на својот официјален Твитер профил по повод продолжувањето на преговорите.

09:40 Британскиот министер за здравство: Нападите врз болниците во Украина се воено злосторство

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид во моментот кога беше објавено дека починале бебето и трудницата кои биле во породилиштето во Мариупол што беше бомбардирано изјави:

„Да, тоа е ужасно злосторство, тоа е воено злосторство бидејќи според меѓународното право не можете да ги нападнете здравствените установи и болници“.

09:30 Kулеба: Применете повеќе санкции кон Русија и целосно изолирајте ја

Украинскиот министер Дмитро Кулеба денеска се огласи, велејќи дека оние во странство кои се плашат да не се вовлечат во нова светска војна дека Украина успешно го возвраќа ударот.

„ Потребни сте ни да ни помогнете да се бориме. Дајте ни го сето оружје што ни треба. Применете повеќе санкции кон Русија и целосно изолирајте ја. Помогнете и на Украина да го натера Путин да пропадне и ќе спречите поголема војна“, рече Кулеба.

To those abroad scared of being ‘dragged into WWIII’. Ukraine fights back successfully. We need you to help us fight. Provide us with all necessary weapons. Apply more sanctions on Russia and isolate it fully. Help Ukraine force Putin into failure and you will avert a larger war.

— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 14, 2022

09:27 Нова рунда преговори меѓу Украина и Русија, Киев се залага за претседателска средба

Претставниците на Киев за време на денешните разговори со московската делегација мора да вложат максимални напори да организираат средба меѓу лидерите на Украина и Русија, изјави украинскиот претседател Зеленски.

09:10 Харков под руски напади, цивили во импровизирани засолништа

Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји. Стотици цивили се принудени да живеат во импровизираното засолниште изградено во метрото „Студентска“ во Харков поради руските напади, јавуваат агенциите.

09:00 СЗО: Војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со коронавирусот

Светската здравствена организација соопшти дека војната во Украина може да ја влоши ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 и дека работи на мерки за спречување на понатамошното ширење на инфекции.

08:45 Пожарникари спасуваат луѓе од станбени згради во Киев

Пожарникари спасуваат луѓе од станбени згради во Киев. Ова видео го објави Државната служба за итни случаи

08:40 Украински медиуми: Руси рекетирале фабрика за авиони на 11 километри од центарот на Киев

Утрово дошло до дополнително засилување на нападот во главниот град на Украина Киев. Локалните власти велат дека фабриката за сериско производство авиони била погодена од руски гранати. Според Гардијан, не се знае колкава штета е направена.

08:10 Разнесен станбен блок во Киев, најмалку две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа, а најмалку три се повредени во руски ракетен напад во кој утринава непосредно пред 6 часот беше погодена станбена зграда во Киев. Се додава дека на лице место медицински се згрижени девет лица. Првите бројки за загинатите и ранетите ги потврди советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко. Државната служба за вонредни состојби претходно соопшти дека руска артилериска граната погодила деветкатница и оштетила неколку станови. Погодениот станбен блок се наоѓа во областа Оболон во Киев.

Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат и денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, изјави Дмитриј Песков, руски преговарач и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. Михаил Подољак, украински преговарач и советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, ја потврди изјавата на Кремљ, јави Би-Би-Си. Во видеото објавено на социјалните мрежи, Подољак рече дека Русија почнува да се ангажира конструктивно и дека сега многу подобро го гледа светот околу себе. Украинскиот претседател Зеленски вчера изјави дека неговата делегација секојдневно разговара со руските колеги.

Во Стразбур денеска и утре ќе се одржи итен состанок на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а на дневен ред ќе биде и дискусија за последиците од руската воена операција во Украина.

Европа

Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете

Објавено пред

Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.

„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.

„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.

Прикажи повеќе...

Европа

Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив

Објавено пред

Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.

Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.

Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.

Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го избра премиерот

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.

dobivaj vesti na viber

Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.

И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.

„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.

Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.

Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија5 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија6 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија6 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија7 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија9 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје10 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа11 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет12 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет12 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија20 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија21 час

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...