Европа
(Од минута во минута) Бајден го предупреди кинескиот претседател, Путин одржа говор на стадион во Москва
Денес е 23-от ден од руската инвазија на Украина
Од минута во минута:
21:42 Поранешниот британски премиер со камиони превезува донации за бегалците
… into this – to fill a small lorry with everything from nappies to sanitary products, warm clothes to first aid kits. pic.twitter.com/Ql0b2MzuBE
— David Cameron (@David_Cameron) March 18, 2022
21:34 Украина: Денеска се евакуирани повеќе од 9.000 луѓе
Украинските власти соопштија дека 9145 нови луѓе побегнале од опколените градови преку хуманитарни коридори.
21:05 Снимка од уништувањето во Киев и Мариупол
Скај њуз објави нова снимка од Киев и Мариупол.
Ukraine war: What happened on day 23?
Mariupol is facing ‘apocalyptic’ destruction from shelling as Vladimir Putin hails Russian ‘special operation’ in Ukraine at a rally marking the anniversary of the 2014 annexation of Crimea.https://t.co/X3flQUBL0r pic.twitter.com/O1N8VzbgXx
— Sky News (@SkyNews) March 18, 2022
21:00 Бајден го предупредил кинескиот претседател: „Кина ќе претрпи последици ако ја поддржи Русија“
Американскиот претседател Џо Бајден изјави за Си-Ен-Ен дека неговиот разговор со кинескиот претседател Шји Џинпинг минал добро.
Според Белата куќа, во речиси двочасовниот телефонски разговор со кинескиот лидер, Бајден ги опишал импликациите и последиците што Кина ќе ги претрпи доколку и’ обезбеди материјална поддршка на Русија.
20:40 Пентагон: Русија направи низа погрешни чекори
Русија направи низа погрешни чекори во инвазијата на Украина, изјави американскиот министер за одбрана.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Лојд Остин рече дека руските трупи не напредуваат толку брзо колку што сакаат и дека се борат со логистика.
20:20 Канада си пишуваше забелешки врз руско писмо, па го налути Кремљ: „Тоа е русофобна клевета“
Рускиот дипломат наведе дека пишува „во врска со итното прашање поврзано со ужасната хуманитарна ситуација во и околу Украина“. Канадската мисија додаде забелешка во тој дел: „која ја предизвикавме со нашата нелегална агресија“.
Thank you @RussiaUN for your letter dated March 16.
Please see our suggested edits below. #StandWithUkraine #RespectTheCharter pic.twitter.com/0M663R0tUW
— Canada Mission UN #StandWithUkraine ?? (@CanadaUN) March 17, 2022
19:41 Кина објави мапа: „Вака Западот го гледа светот“
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан, ја покажа својата визија за тоа како Западот го замислува концептот на „меѓународна заедница“.
Тој на „Твитер“ објави мапа на светот на која се прикажани земјите од Европската унија заедно со САД, Канада, Австралија и Јапонија, додека остатокот од планетата не постои, односно е покриен со вода.
„Општо прифатена вистина е дека кога Западот зборува за „меѓународната заедница“ – мисли на ова“, објави на Твитер портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
It is a truth universally acknowledged, that when the West talks about the “int’l community”, they mean: pic.twitter.com/RZNOwDymX2
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) March 17, 2022
19:20 Џонсон: Уверен сум повеќе од било кога дека Путин ќе биде поразен
„Путин го потцени единството на Западот. Тој, исто така, ја потцени страсната посветеност на луѓето во оваа земја да помогнат. Ќе биде обезбедено повеќе оружје за помош на Украина против немилосрдното бомбардирање“.
18:52 Украински преговарач: Нашите ставови не се променети
Преговарачот од Киев, Михаил Подолњак, изјави дека Русија се обидува да „испровоцира тензија во медиумите“ и дека позицијата на Украина останува непроменета.
Реакцијата на Украина следи откако претходно московскиот преговарач Владимир Медински изјави дека двете страни се на половина пат да постигнат договор по прашањето за демилитаризацијата на Украина, а нивните ставови главно се во согласност со неутралноста на Украина и повлекувањето од НАТО.
18:33 Грција ќе го обнови породилиштето во Мариупол
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека неговата земја е подготвена да ја обнови породилната болница во Мариупол, опколениот град во јужна Украина, кој беше бомбардиран пред неколку дена.
„Грција е подготвена да го обнови родилиштето во Мариупол, центарот на грчкото малцинство во Украина, град кој го сакаме и стана симбол на военото варварство“, напиша премиерот на Твитер.

18:30 Русија објави детали од преговорите и околу што најмногу се согласува со Украина
Москва и Киев се на половина пат од постигнувањето договор за прашањето за демилитаризација на Украина, а нивните позиции се најмногу усогласени за неутралноста на Украина и повлекувањето од членството во НАТО, изјави рускиот преговарач Владимир Медински, пренесува Интерфакс.
18:00 Словачка протера тројца руски дипломати
Словачка прогласи за „персона нон грата“ тројца руски дипломати и побара од нив да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти словачкото Министерство за надворешни работи.
Протерани се тројца соработници во Руската амбасада поради, наводни активности што не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на словачкото Министерство за надворешни работи.
17:19 Би-Би-Си: Некои луѓе беа принудени да дојдат на говорот на Путин
Еден човек кој работи во московското метро изјавил за Би-Би-Си дека тој и другите вработени биле принудени да дојдат на собирот. „Ќе бидам тука некое време, а потоа ќе заминам… Мислам дека повеќето луѓе овде не ја поддржуваат војната. Јас не“, рече тој.
Учениците со кои разговараше репортерот рекоа дека им бил даден слободен ден под услов да одат на собирот.
16:40 (Видео) Кремљ: Говорот на Путин беше прекинат поради техничка неисправност
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека ненадејниот прекин на преносот бил поради „техничка неисправност на серверот“, пренесе руската државна новинска агенција РИА.
Transmission of Putin’s speech suddenly cuts. Funny business with Russian TV. Kremlin can’t help itself. pic.twitter.com/VrT9SMOonO
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 18, 2022
16:00 Путин: Украинските цивили го славеа доаѓањето на руската армија
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали единството на земјата за време на, како што рече, специјалната операција во Украина, додека денеска одржа јавен говор пред стадионот „Лужники“ во Москва.
„Земјата нема видено такво единство долго време“, рече Путин, обраќајќи им се на собраните.

15:43 Кинескиот претседател во разговорот со Бајден: Конфликтите не се во интерес на никого
Шји Џјинпинг посочил дека мирот и безбедноста се најценетите богатства на меѓународната заедница, пренесува „Ројтерс“.
Toj на американскиот колега му порачал дека односите меѓу државите не можат да влезат во фаза на конфронтација, објавија кинеските државни медиуми.
15:14 Путин пред преполн стадион во Москва ја откри главната цел на воената операција
Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето го честита празникот на Русија на стадионот „Лужники“ во Москва, каде што се одржува концерт за одбележување на годишнината од анексијата на Крим и Севастопол.
Во моментот додека тој зборуваше пред полниот стадион телевизискиот пренос беше прекинат.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека имало дефект на серверот.
„Тоа беше технички проблем, веќе е потврдено со сигурност“, рече тој.
Here’s video of Putin suddenly vanishing mid-sentence. Where is he?! pic.twitter.com/c6VqE6GG3s
— max seddon (@maxseddon) March 18, 2022
14:52 Бајден и кинескиот претседател го започнаа разговорот
Започна видеосредбата меѓу Бајден и Шји Џјинпинг, потврди Белата куќа.
14:30 Норвешка го зајакнува военото присуство во близина на границата со Русија
Норвешката влада денеска објави дека годинава ќе додели дополнителни три милијарди круни (308 милиони евра) со цел да го зајакне своето воено присуство на далечниот север во близина на границата со Русија.
14:10 Светската програма за храна предупредува за прекин на синџирите на снабдување во Украина
Претставник на Светската програма за храна изјави дека синџирите за снабдување со храна во Украина се во неред, предупредувајќи дека дел од инфраструктурата е уништена и дека продавниците и магацините се празни.
14:00 Кремљ за разговорот меѓу Путин и Шолц: Тешко е да се нарече пријателски
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека денешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц „тешко дека може да се нарече пријателски“.
13.50 Зеленски – Фон Дер Лаен: Украина очекува напредок во апликацијата за пристап во ЕУ
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и дека Украина очекува напредок во однос на апликацијата за влез во Европската унија во наредните месеци
13.40 Бугарија протера десет руски дипломати
Бугарија одлучи да протера десет руски дипломати откога беа обвинети за наводни „активности што не се во согласност со нивниот дипломатски статус“, пренесе агенцијата „Тас“
13:33 EУ подготвува петти пакет на санкции кон Русија
Украинскиот министер за надворешни работи на „Твитер“ напиша дека разговарал со потпретседателoт на Европската комисија, Жозеп Борел и дека се преговара за петти пакет на ЕУ санкции кон Русија.
Spoke to @JosepBorrellF. We discussed the preparation of the 5th EU sanctions package on Russia. Pressure will keep mounting as long as it is needed to stop Russian barbarism. We also discussed protection and help for Ukrainians who fled from Russian bombs to the EU.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 18, 2022
12:32 Уништен е трговскиот центар во Мариупол
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа целосно уништениот трговски центар во Мариупол.
Mariupol. Shopping center “PortCity”. Everything that the “Russian world” gets to turns into ruins. pic.twitter.com/sgtikMfBx5
— Промисловий Портал (@ua_industrial) March 18, 2022
12:30 Стотици луѓе се под театарот во Мариупол, спасувањето трае веќе два дена
Украинскиот пратеник Дмитриј Гурин во Мариупол изјави дека неговите родители се заробени во градот.
„Таму сè е во урнатини. Засолништето под театарот има три зони и не знаеме точно каква е состојбата во секоја зона. Се чини дека ниедна не е оштетена, но луѓето не можат да излезат бидејќи не може брзо да се расчисти областа поради постојаните напади. Ситуацијата е многу опасна“, изјави пратеникот.
12.20 Кремљ: Средбата Путин – Зеленски ќе зависи од модалитетите на договорот
Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володомир Зеленски, со цел да се потпише договор за решавање на актуелната ситуација, ќе зависи од модалитетите на документот, кој допрва треба да се договори, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков
12.15 Столтенберг: Ако Москва нападне сојузник, тоа ќе предизвика реакција на целото НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера беше во посета на Германија, каде што се сретна со канцеларот на САД, Олаф Шолц, на разговори за војната во Украина и заедничкиот одговор на кризата
12.07 Разговорот меѓу Макрон и Путин закажан за вечерва
Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, ќе разговараат вечерва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
12.05 Лавров предупредува: Секоја воена помош за Украина е цел на руската армија
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека сите испораки што вклучуваат воена помош за Украина стануваат цел и на руската армија
12:04 Украинците тврдат дека убиле уште еден важен чиновник во руската војска
„Украинските војници го елиминираа командантот на 331. воздушно-десантен полк на руската армија, полковник Сергеј Сухарев.
Учествувал во битката кај Иловајск во 2014 година, каде што извршил воено злосторство. Конечниот суд набргу ќе ја објави својата пресуда“, се вели на твитер-профилот на украинската армија.
12.03 Путин го обвини Киев дека ги одолжува преговорите
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини Киев за одложување на мировните преговори.
12.00 Лавров: Никогаш нема да прифатиме свет во кој доминираат САД
Западот ќе ги заостри санкциите кон Русија, но Москва е навикната на тоа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Руската новинарка Марина Овсијаникова, која протестира против војната додека пренесуваше вести на државната телевизија, поднесе оставка. Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ понудил азил на почетокот на неделава, но таа одбила, пишува „Гардијан“
11.50 Кличко: Киев ќе претрпи иста количина бомби како Мариупол и Харков
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека очекува главниот град да се справи со истите постојани бомбардирања како во Мариупол и Харков, градови кои беа опколени од руските сили
11:40 Украинскa пратеничка: Путин сака да изгради империја каква што светот не видел досега
„Путин нема да застане во Украина. Неговите омилени новинари зборуваат за одење понатаму и за создавање ‘голема експлозија’ во Европа. Целта на Путин е да изгради руска империја поголема од сè што светот видел досега“, вели пратеничката Лесија Василенко.
10:53 (Видео) Кличко се јави од нападнатата населба: Повредени се и четири деца
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, утринава известуваше од местото на нападот во населбата Подил.
10:30 (Видео) Погодена зграда во Киев, едно лице загина
Едно лице загина, а четворица се повредени откако делови од руска ракета паднале врз станбена зграда во северниот дел на украинската престолнина, соопштија службите за брза интервенција.
10.10 Руските сили уништија 90 отсто од Мариупол
Руските војници веќе уништија 90 отсто од Мариупол и убиле илјадници жители на градот, објави Министерството за одбрана на Украина на Фејсбук
09.40 Зошто Лавов е толку важен во одбраната на Украина
Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј, потврди дека е погодена една локација во близина на аеродромот во Лавов.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за дополнителната воена помош, но не сакаше да прецизира што точно вклучува новиот пакет, бидејќи не сака да и открива информации на Русија
09.10 Украинските сили ја гранатираа болницата во Доњецк – повредени се три лица
Украински војници гранатираа болница во Доњецк, при што беа повредени двајца вработени во медицинска установа и еден цивил, соопшти штабот за територијална одбрана на Народната Република Доњецк
08.55 Зеленски до мајките на руските војници: Проверете дали вашите деца се живи
Во вечерашното обраќање до мајките на руските војници, претседателот на Украина Владимир Зеленски ги повика да проверат дали нивните деца се живи
08.50 Украинците Иван и Кристина избегаа од Мариупол: Тоа е град на смртта
Брачен пар од Мариупол во интервју за Sky News опиша, како што велат, болно бегство од градот.
08.40 Шефот на регионалната управа во Харков тврди: Русите киднапираа уште еден градоначалник
Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синиехубов (Олех Синиехубов) објави дека руските сили го фатиле градоначалникот на Голем Бурлат во областа Харков Виктор Терешченко, пренесува Си-Ен-Ен
08.35 Се очекува тензичен разговор меѓу Бајден и Џинпинг за Русија и Путин
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе разговара со својот кинески колега за повеќе прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина, соопшти Белата куќа
08.30 Блинкен: Путин не покажува знаци дека ќе престане
Во моментов, Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин не покажуваат знаци дека сакаат да учествуваат во одговорни преговори и да стават крај на крвавата агресија на Русија против Украина, изјави во четвртокот вечерта американскиот државен секретар Ентони Блинкен
Група европски политичари апелираа до Нобеловиот комитет со иницијатива да се номинираат Володимир Зеленски и народот на Украина за Нобеловата награда за мир
08.10 Експлозии во Лавов – ракетиран аеродром
Тим на Си-Ен-Ен од Лавов утринава извести дека слушнале неколку експлозии низ градот. Наводно се слушнале четири силни експлозии
Тоа, рече Путин, може да се реши само преку разговор лице в лице со украинскиот претседател Зеленски, кој претходно изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

