Свет
Од почетокот на војната во Украина загинале повеќе од 9.200 цивили, меѓу кои 537 деца

Повеќе од 9.200 цивили загинаа во конфликтот во Украина, изјави заменик-генералниот секретар на Обединетите нации за политички и мировни прашања, Розмари ди Карло.
На седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк таа рече дека за повеќе од 500 дена од почетокот на руската специјална воена операција во Украина биле убиени 9.287 цивили, меѓу кои 537 деца. Според неа, ранети се 16.384 лица, меѓу кои 1.117 деца.
„Ова се само потврдени податоци. Вистинскиот број на жртви, веројатно, е значително поголем“, потенцира Ди Карло.
Ди Карло истакна дека 6,3 милиони Украинци се сметаат за бегалци, а 5,1 милиони од нив се внатрешно раселени, пренесе ТАСС. Руското Министерство за одбрана постојано нагласува дека Русија користи оружје со висока прецизност и дека цели само на воени објекти.
Организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“ во август објави дека Украина ги крши законите за војна, особено со распоредување воена опрема и оружје во училиштата и болниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Зеленски може да ја заврши војната речиси веднаш ако сака

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија.
„Претседателот на Украина, Зеленски може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш ако сака, или може да продолжи да се бори. Нема враќање на Крим што го даде Обама (пред 12 години, без испукан куршум, и УКРАИНА НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, напиша Трамп.
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави за Си-ен-ен во неделата дека Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле за време на нивниот состанок во Алјаска во петокот за „силни безбедносни гаранции“ за Украина, додавајќи дека гаранциите се „пресвртница“.
Тој, исто така, рече дека Русија направила територијални „отстапки“ во врска со пет украински региони, пред состанокот меѓу Зеленски и европските лидери во Белата куќа во понеделник.
„Русите направија некои отстапки „на масата“ (во Алјаска во петокот) во врска со сите пет региони (на источна Украина). Се води важна дискусија за Донецк и што ќе се случи таму“, рече Виткоф.
Свет
Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време (19:15 часот по македонско време) во Белата куќа, извести Белата куќа во соопштение за медиумите во недела. Трамп ќе учествува на мултилатерален состанок со европските лидери кои исто така пристигнуваат во Вашингтон, во 15:00 часот по локално време.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева оти „заедничките сили“ на Украина со американските и европските колеги ќе ја принудат Русија да склучи мир.
I have already arrived in Washington, tomorrow I am meeting with President Trump. Tomorrow we are also speaking with European leaders. I am grateful to @POTUS for the invitation. We all share a strong desire to end this war quickly and reliably. And peace must be lasting. Not…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 18, 2025
„Благодарен сум на претседателот на Соединетите Американски Држави за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, по пристигнувањето во Вашингтон.
„И се надевам дека нашите заеднички сили со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принудат Русија да склучи вистински мир“, рече тој.
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.