Свет
(Од час во час) 5,2 милиони луѓе ја напуштиле Украина, гранатирано село во Русија
Ја следиме војната во Украина, која денеска влезе во третиот месец.
Клучни моменти:
Шефот на ОН пред да ги посети Москва и Киев ќе оди во Турција
Русија насилно регрутира цивили од окупираните територии во армијата, тврди Украина
Зеленски денеска во Киев ќе се сретне со шефот на американската дипломатија и министер за одбрана
Путин се појави на православната велигденска миса
Зеленски рече дека мора да се сретне со Путин и дека не се плаши од тоа и дека Украина ќе ги прекине преговорите доколку Русија „го убие народот во Одеса и почне со квази-референдуми“.
Проектилот погодил станбен комплекс во Одеса, при што загинале 8 лица
Украина објави дека Русија извршила нови напади врз Азовстал
Од час во час:
18.40 Граната падна на руска територија
Русија денеска соопшти дека селото Отрадноје во Белгородската област, која граничи со Украина, било гранатирано од другата страна на границата, изјави локалниот претставник Владимир Перцен.
18.30 Русија има моќно оружје – Пентагон е во паника
И покрај обидите да ја прикрие својата реакција со видна смиреност, Пентагон е крајно вознемирен од успешното тестирање на најновата руска ракета „Сармат“.
17.40 Путин повеќе не е заинтересиран за решавање на конфликтот
Путин размислувал за мировен договор со Украина, но повеќе не е заинтересиран за решавање на конфликтот.
17.30 УНХЦР: Од почетокот на руската воена агресија, речиси 5,2 милиони луѓе ја напуштија Украина
Од почетокот на конфликтот во Украина, бројот на украинските бегалци се приближува до 5,2 милиони, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
15.45 Стејт департмент: Украина ќе победи
Ова ќе биде победа за Украина, ќе биде стратешки пораз за Русија
15.00 Ердоган: Турција може да биде гарант за безбедноста на Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска за време на телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски дека има позитивен став кон тоа Турција да биде гарант за безбедноста на Украина, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
14:39 (Видео) Разоткриена бизарната пропаганда на Кремљ: Путин не присуствувал на литургијата
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се тврди дека го разоткриваат најновиот бизарен пропаганден трик на Кремљ. Според тие снимки, Путин или воопшто не бил на литургијата или стоел настрана за време на богослужбата, целосно изолиран од сите, на место оддалечено десетици метри од другите верници и што е најважно, далеку од местото каде што е прикажан во официјалното видео.
? RUSSIAN PROPAGANDA FAKE: Easter on Russian State TV. Putin was too much of a coward to be present in the church during the actual event. Pre-recorded footage of him added in, and quite poorly. He is missing next to the painting of a crown on a red table on the wall. pic.twitter.com/udLKxKeuov
— Igor Sushko (@igorsushko) April 24, 2022
13:10 Зеленски со порака за Велигден: Злото нема да ја уништи земјата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до нацијата на православниот празник Велигден и рече дека „злото нема да ја уништи земјата“.
Тој истакна и дека се моли на Господ да им ја врати среќата на децата, а да им понуди утеха на мајките кои ги загубиле синовите во војната.
11:46 Бугарија нема да испорача оружје во Украина: Премногу сме близу до конфликт
Бугарија одбива да испорача оружје на Украина, пишува „Блумберг“.
Премиерот Кирил Петков верува дека Бугарија е „премногу блиску до конфликт“ за да испрати оружје таму.
09:42 Русија: Киев планира провокации за Велигден
Шефот на рускиот центар за контрола на националната одбрана, Михаил Мизинцев, изјави дека Киев намерно подготвува услови за провокации од страна на украинските безбедносни служби на Велигден, „кои ќе активираат нов бран на русофобија во Украина и во странство“.
„ Во моментот на кампањата на режимот во Киев се подготвуваат провокативни акции во украинските медиуми, кои ја обвинуваат Русија за наводно организирање гранатирање на верски објекти“, рече Мизинцев.
Руската инвазија на Украина утрово влезе во третиот месец. Крајот на борбите не е на повидок, илјадници се убиени, милиони протерани, а градовите претворени во урнатини.
08:48 Русија насилно регрутира цивили од окупираните територии во армијата, тврди Украина
Украина ја обвини руската армија за насилно регрутирање цивили во окупираните делови на источна Украина, пишува германската агенција ДПА.
„ Руската армија, освен што регрутира млади луѓе, насилно ги принудува украинските лекари да служат во провинциите Херсон, Запорожје и Харков“, напишаа на Фејсбук украинските воени претставници.
08:44 Шефот на ОН пред да ги посети Москва и Киев ќе оди во Турција
Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Турција пред да замине за Москва и Киев.
Според соопштението на ОН, Антонио Гутереш утре ќе ја посети Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
08:40 Зеленски во Киев ќе се сретне со Блинкен и Лојд, од кои ќе бара повеќе оружје
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин денеска ќе го посетат главниот град Киев.
Белата куќа, сепак, се уште не го коментираше ова.
08:20 (Видео) Патријархот Кирил служеше велигденска литургија на која присуствуваше и Путин
Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил служеше велигденска литургија во црквата Христос Спасителoт во Москва, на која присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.