Свет
Осумгодишно момче во Мичиген преживеа два дена во оддалечена шума јадејќи снег
Осумгодишно момче, кое се изгубило во оддалечена шума во Мичиген, преживеало два дена јадејќи снег, објави Си-ен-ен.
Нанте Ниеми од Висконсин исчезнал во саботата додека кампувал со своето семејство во државниот парк „Поркупин“ во планините во северозападниот дел на Мичиген.
Се изгубило додека собирало дрва за огрев и веднаш била почната потрага.
Повеќе од 150 припадници на државната и локалната полиција го пребарувале ридскиот терен пеш и од воздух.
„Тој храбро се спротивстави на временските непогоди со тоа што се засолни под стебло на дрво, каде што на крајот беше пронајден“, се вели во соопштението на полицијата на државата Мичиген.
Момчето одело по патеката во неделата, но на крајот се изгубило, објави полицијата на „Твитер“.
„Тој сфати дека е најдобро само да застане и да чека“, истакнаа тие.
За да преживее, Ниеми „се прекрил со гранки и лисја за да се загрее. „Тој немаше храна, но јадеше чист снег за хидратација“, објави полицијата на „Твитер“.
Бил пронајден во добра здравствена состојба, на околу пет километри од неговиот камп и повторно бил споен со семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Романија
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија во областа Вранча, соопшти романскиот национален институт.
Земјотресoт со умерен интензитет се случи во 11.53 часот на 64 километри источно од Брашов со епицентар на длабочина од 110 километри.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви во земјотресот.
Свет
Словачка: Кривична истрага за обелоденување информации за здравјето на Фицо
Окружното обвинителство во Банска Бистрица поведе кривична истрага поради обелоденување информации за здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, соопшти денеска словачкиот државен обвинител.
Обвинителот Марош Жилинка објави дека на 17 мај е поведена истрага поради неовластено постапување со лични податоци, пренесува ТАСР.
Вицепремиерот Роберт Калињак на прес-конференција изјави дека сè уште е невозможно да се процени кога Фицо ќе закрепне и дека неговата здравствена состојба е сè уште многу сериозна, пренесува „Правда“.
Свет
Израел ги повика ирскиот, шпанскиот и норвешкиот амбасадор, ќе им ги пуштаат снимките од киднапирањата
Израел ги отповика своите амбасадори во Шпанија, Ирска и Норвешка. Исто така, ги покани и амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор во текот на кој ќе гледаат видеа од киднапирањето на 7 октомври, пишува Би-би-си.
„Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да доделат златен медал на убијците и силувачите на Хамас, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња. Наредив амбасадорите веднаш да бидат повикани на разговор за време на кој ќе гледаат ужасни снимки од киднапирањето за да им илустрираме каква извртена одлука донесоа нивните влади. Израел нема тивко да помине преку ова – нивниот потег ќе има сериозни последици“, рече израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.