Свет
Петти ден борби во Кавказ – синот на ерменскиот премиер оди во војна
Петти ден по ред продолжуваат судирите на Кавказ, помеѓу Ерменија и Азербејџан. Двете држави меѓусебно се обвинуваат за иницирање на немирите.
Синот на премиерот на Ерменија, Ашот Пашињан, оди во Нагорно-Карабах, каде што се водат борби со Азербејџан, откако ситуацијата ескалира кон крајот на минатата недела.
Новинар на француски „Монд“, кој претходно во текот на денот беше ранет од страна на азербејџанските сили, се наоѓа во критична состојба. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека државата прави напори да врати двајца француски новинари на „Монд“ назад во Франција. Тие беа ранети во гранатирањата што ги изведоа азербејџанските сили во Нагорно-Карабах.
Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека денеска војската во Нагорно-Карабах соборила еден азербејџански авион и еден хеликоптер. Набрзо потоа, пријавено е дека се соборени два авиона, пренесе ТАСС.
Продолжува броењето жртви и утврдување на материјалната штета на двете страни. Спорната област Нагорно-Карабах останува камен на сопнување.
Судирот почна на 27 септември кога Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Вооружените сили на Ерменија гранатирале места на линија на разграничување во Карабах.
Се појави стравување во врска со странските фактори, како Турција, Иран и Русија, па во овој судир веќе не се поставува прашањето кој е посилен, туку кој има посилен сојузник.
Путин, Макрон и Трамп повикаа на прекин на воените дејствија во Нагорно-Карабах. Тие ги повикаа Ерменија и Азербејџан без предуслови да ги обноват преговорите за Нагорно-Карабах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десетици илјади Палестинци бегаат од Рафах
Десетици илјади раселени Палестинци ги спакуваа своите шатори и други работи и бегаат од Рафах во други делови на Појасот Газа поради израелската закана од инвазија, пишува АП.
Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафах, каде засолниште побараа околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението на Газа.
Еден од раселените рече дека не знае каде да оди.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека американската закана дека нема да достави одредено оружје нема да го спречи Израел да продолжи со офанзивата во Појасот Газа.
Во текот на оваа недела израелските сили започнаа ограничена операција при која го зазедоа граничниот премин Рафах од палестинска страна и го блокираа влезот на хуманитарна помош.
ОН објавија дека северот на Појасот Газа веќе е во состојба на „тотален глад“.
Израел смета дека Рафах е последното упориште на борците на палестинското движење Хамас и дека армијата мора да влезе во тој град за да го уништи тоа движење и да ги врати заложниците кои беа киднапирани на 7 октомври.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.