Свет
Полјански: Америка ќе ја напушти Украина бидејќи режимот во Киев набргу ќе падне
САД имаат намера да се откажат од помошта за Украина бидејќи режимот во Киев набргу ќе падне, а стратешките ризици за Вашингтон растат, изјави првиот заменик-постојан претставник на Руската Федерација во ОН, Дмитриј Полјански.
„Овој режим, како што сите гледаме, е на работ на колапс, а САД ќе ја фрлат Украина под автобус, како што веќе се случи со другите нивни вазали. Како резултат на тоа, Соединетите Американски Држави се соочени не само со морален банкрот туку и со зголемени стратешки ризици“, напиша тој на својата страница на социјалната мрежа Х (поранешен „Твитер“).
„Америка се покажа пред целиот свет како непринципиелен поддржувач на марионетскиот, националистички и неонацистички русофобичен режим, кој е подготвен да го жртвува својот последен човек како топовско месо за геополитичките интереси на друга земја“, рече Полјански.
„Блумберг“ објави дека Украина нема да добие нова помош од Америка до средината на декември, можеби дури и следната година, пренесува „Спутник“. Како што истакнува „Блумберг“, широката поддршка за режимот во Киев веќе пука бидејќи контраофанзивата на украинските вооружени сили влезе во ќор-сокак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.