Свет
Поранешната лидерка на Мјанмар осудена на четири години затвор
Судот во Мјанмар ја осуди соборената лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор, објавија агенциите.
Владиниот портпарол изјави дека Су Чи добила две години затвор за поттикнување и две години затвор за кршење на мерките против Ковид- 19.
Тој изјави дека поранешниот претседател Вин Мајнт исто така е осуден на четири години затвор по истите обвиненија.
Според неговите изјави, тие сѐ уште нема да бидат однесени во затвор.
„Тие ќе се соочат и со други обвиниенија“, додаде тој, без да даде други детали.
Светските агенции цитираат извори запознаени со текот на судењата, кои исто така рекле дека поранешните функционери биле осудени на четири години затвор.
Ова е прв од десетиците случаи што војската на Мјанмар ги поведе против Су Чи по преземањето на власта со воениот удар на 1 февруари.
Другите случаи против неа вклучуваат повеќекратни обвиненија за корупција, кршење на законите за државни тајни и законите за телекомуникации, од кои сите предвидуваат максимална затворска казна од повеќе од 100 години.
Су Чи ги негира сите обвиненија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

