Свет
Потона јахтата на која принцезата Дијана го помина последниот одмор
Јахтата на која Дијана, принцезата од Велс, помина дел од своето последно лето потона во Медитеранот.
Се верува дека јахтата „Куџо“, некогашна сопственост на Доди ал-Фајед, удрила во неидентификуван објект во близина на Болие-сур-Мер на француската ривиера.
Седум лица на бродот биле евакуирани со гумени чамци на надувување, но јахтата потонала и завршила на длабочина од најмалку 2.430 метри и покрај обидите за спасување, пишува магазинот „Тајмс“.
The 20m Baglietto yacht Cujo has reportedly been “lost” at sea after an incident in Corsica…
Find out more here.https://t.co/5OYw4BT5PI
— Boat International (@boatint) August 2, 2023
Последниот сопственик на јахтата бил Италијанец со куќа на францускиот брег. Во моментот кога се случила несреќата тој се обидел и не успеал да ја испумпа водата, јавуваат француските медиуми. Втор обид бил направен со влечење, кое било испратено на местото на настанот, но безуспешно.
Meet ‘Cujo,’ the 80-Ft. Yacht Dodi Al-Fayed Used to Woo Princess Diana – Robb Report https://t.co/CtFPjoOdE9 pic.twitter.com/dNXSjZH8bJ
— Susie Blackmon (@SusieBlackmon) June 19, 2021
„Куџо“ се најде на насловните страници во летото 1997 година кога принцезата Дијана беше фотографирана на тој брод во друштво на Ал-Фајед. Неколку недели подоцна тие загинаа во сообраќајна несреќа во Париз кога нивниот автомобил управуван од шофер удри во столб во тунелот „Алма“ додека бегаа од папараците.
Тоа лето Дијана беше фотографирана и на „Сокар“, јахта што тогаш беше во сопственост на таткото на Ал-Фајед, Мохамед.
„Куџо“ е изградена во Италија во 1972 година за Џон фон Нојман, бизнисмен кој своето богатство го заработил продавајќи автомобили „порше“ и „фолксваген“ во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

