Свет
По 20 години затвор, помилувана мајката што беше осудена за смртта на своите четири деца
Во австралиската држава Нов Јужен Велс е помилувана жена, која првостепено беше осудена на 25 години затвор за убиство на своите четири деца, по судска проверка и основани сомнежи за валидноста на првостепената пресуда.
Кетлин Меган Фолбиг беше осудена во 2003 година за убиство на своите четири деца, но до денеска остана на ставот дека е невина и дека децата умреле од природна смрт.
За време на првичната истрага во 2019 година, беа презентирани докази што ја потврдуваат вината на Фолбиг, меѓутоа за време на следната истрага, почната во 2022 година од страна на пензионираниот државен обвинител Томас Батурст, беше разгледана првостепената пресуда и беа презентирани нови докази, кои потврдуваат дека децата страдале од генетска мутација, која може да предизвика смрт.
Секое дете умрело ненадејно помеѓу 1989 и 1999 година, на возраст меѓу 19 дена и 19 месеци, а обвинителите на нејзиното судење тврдеа дека ги задушила.
Во новата истрага, предводена од пензионираниот судија Том Батурст обвинителите прифатија дека истражувањето на генетските мутации го променило нивното разбирање за смртта на децата.
Случајот на 55-годишна жена, која поминала 20 години зад решетки, е опишан како еден од најголемите грешки на правдата во Австралија.
Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, денеска ја помилува Фолбиг откога збирните наоди од истрагата на Батурст го потврдија разумното сомневање за секоја изречена казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.