Европа
Први реакции на ЕУ и НАТО на мировниот план на Кина: Пекинг одбра страна
Пристигна првата реакција на НАТО на мировниот план за Украина што денеска го објави Кина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека кинескиот план за мировни преговори меѓу Русија и Украина нема голем кредибилитет.
Денеска, при посетата на Естонија, новинарите го прашаа Столтенберг што мисли за кинескиот мировен план, односно документот од 12 точки објавен на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи. Во документот се бара обновување на преговорите меѓу Русија и Украина, а Пекинг истовремено ја повикува меѓународната заедница да создаде услови за тие преговори.
„Кина нема голем кредибилитет бидејќи сè уште не ја осуди илегалната инвазија на Украина. Само неколку дена пред инвазијата, кинескиот претседател Шји и рускиот претседател Путин потпишаа договор за соработка без ограничувања, рече Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО додаде дека „воената поддршка за Украина денес е патот до мировен договор утре“ одговарајќи на тој начин на кинеската критика за испораките на оружје од Запад за Украина. Во исто време, тој ја предупреди Кина да не испраќа оружје во Русија велејќи дека таквиот потег ќе биде отворена поддршка за нелегалната војна на Русија и кршење на Повелбата на ОН.
„Внимателно следиме што прави Кина и гледаме индикации дека тие можеби размислуваат да испратат смртоносна помош за Русија. Тоа би била многу тешка грешка“, рече Столтенберг.
На кинескиот мировен предлог реагира и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен: „Тој предлог мора да го набљудуваме во специфично светло, односно во светло на фактот дека Кина застана настрана кога, на пример, потпиша договор за неограничена соработка со Русија непосредно пред инвазијата на Украина. Но, ќе го разгледаме предлогот на Кина“, рече Лаен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.