Свет
Прекинот на огнот во Сирија главно се почитува трет ден по ред
Авионите на сириската влада извеле во неделата неколку воздушни удари, а во некои делови од земјата и натаму се водат судири со низок интензитет, но прекинот на огнот договорен со посредство на Русија и Турција, главно се почитува трет ден по ред.
Авионите нападнале кај селата Кафр Кар, Минтар и околината на градот Банан во јужниот дел на покраината Алепо, соопшти опозициска Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Владините сили, исто така, во текот на ноќта кон неделата напредувале во битката против бунтовниците во Источна Гута, крај главниот град Дамаск, заземајќи 10 фарми во близина на градот Дума, додаваат набљудувачите.
Но во другите делови од земјата било мирно и опозициските групи не ја оствариле заканата дека ќе се откажат од прекинот на огнот, што буди надежи во скорешен кај на судирот кој трае речиси шест години.
Мохамед Рашид, портпарол на опозициската група Џаиш ал-Наср, којашто дејствува во западната покраина Хама, изјавил за Reuters дека во таа област е главно мирно., Судир со мал интензитет се забележани во Вада Баради, крај Дамаск, но воздушните напади престанале, додал.
Прекинот на огнот, од кој се исклучени џихадистичките групи Исламска држава и Џехат ал-Фатах ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра сириското крило на Ал Каеда, треба да биде вовед во мировните преговори предвидени за крајот на јануари во Казахстан под покровителство на Русија и Иран кои го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад, и Турција која е негов противник и ја поддржува сунитската опозиција.
Примирјето во Сирија, во која во шесте години војна од март 2011 година загинале повеќе од 300.000 луѓе, а милиони се бегалци и внатрешно раселени, во саботата едногласно беше поддржано и од Советот за безбедност при ОН./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.

