Свет
Претседателот на Шри Ланка го моли Путин за помош, за увоз на гориво
Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса, вели дека го замолил рускиот претседател Владимир Путин за помош за неговата земја да увезе гориво. Шри Ланка моментно се наоѓа во најголема економска криза уште од кога имаат независност, од 1948 година.
Рајапакса вели дека имал продуктивен разговор со Путин. Разговарале откако министерот за енергетика на Шри Ланка викендов предупреди дека земјата наскоро би можела да остане без гориво, пишува „BBC“.
1/2
Had a very productive telecon with the #Russia President, Vladimir Putin. While thanking him for all the support extended by his gvt to overcome the challenges of the past, I requested an offer of credit support to import fuel to #lka in defeating the current econ challenges.— Gotabaya Rajapaksa (@GotabayaR) July 6, 2022
Вчера стотина луѓе излегле на улиците во главниот град за да протестираат против владата.
„Го замолив Путин за кредитна поддршка за увоз на гориво. Понизно побарав летовите меѓу Моксва и Коломбо да продолжат. Едногласно се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи во секторите туризам, трговија и култура, но најважно е пријателството кое го делат нашите нации“, објави Рајапакса на Твитер.
Недостигот на гориво, струја и храна во Шри Ланка трае со години, а во неделата министерот за енергетика изјавил дека на земјата и останал бензин доволен за само уште еден ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.
Свет
Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во Украина.
„За да се задржи темпото на офанзивата и да се зголеми составот на воените групи, неопходно е да се зголеми обемот и квалитетот на испорачаното оружје“, рече Шојгу, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што е соопштено, за време на состанокот, рускиот министер за одбрана истакнал дека групите војници продолжуваат да ги извршуваат задачите на оперативните линии во согласност со планот за специјална воена операција и укажал на потребата од дополнително зголемување на набавката на оружје, воена опрема и оружје, пренесува РИА Новости.