Свет
Прогонот не е единствената опасност за Авганистанците

Иако сегашниот приоритет е евакуација на ранливите групи, заканата од глад за милиони Авганистанци е уште еден голем предизвик за земјата.
Гладот се заканува со комбинација на конфликт, суша и пандемија на коронавирус, предупреди шефот на Светската програма за храна (СПП) и ги повика политичките лидери да дејствуваат итно.
„ Доаѓа најголемата бура поради долгогодишната суша, конфликти, економски колапс, влошени од ковидот“, изјави Дејвид Бесли за „Ројтерс“ во Доха.
„ Бројот на луѓе кои се изложени на ризик од глад сега се искачи на 14 милиони“, додаде тој.
Во меѓувреме, западните земји брзаат да ја завршат евакуацијата на илјадници луѓе од Авганистан, бидејќи се приближува рокот за повлекување на сите странски војници, и нема индикации дека талибанците би можеле да дозволат тој рок да се продолжи.
Во досега најголемата воздушна транспортна операција, САД и нивните сојузници евакуираа повеќе од 80.000 луѓе, вклучувајќи ги и нивните граѓани, персонал на НАТО и загрозени Авганистанци од 14 август, ден пред влегувањето на талибанците во Кабул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канадскиот премиер: Путин се плаши

Канадскиот премиер Марк Карни, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, рече дека Владимир Путин се плаши да се сретне со Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната.
Карни истакнува дека Зеленски е подготвен за средба со Путин на која било неутрална територија. Тој, исто така, вели дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таква средба.
„Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива“, рече Карни.
Тој додаде дека е клучно сојузниците да продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина додека не се одржи тој состанок.
Фото: ЕПА
Свет
Пукање во католичко училиште во САД: две деца убиени, напаѓачот се самоубил

Најмалку две лица се убиени, а 20 се повредени во пукање во католичкото училиште „Благовештение“ во Минеаполис, Минесота, САД, потврди полицијата.
Како што е потврдено, две деца, на возраст од 8 и 10 години, се убиени.
More than 20 people were injured and at least two were killed in a tragic shooting incident at Annunciation Catholic Church and its school, located in the southeast neighborhood of Minneapolis, Minnesota, USA, during a morning school Mass.
Among the injured, at least 14 people… pic.twitter.com/9f9WTH2Dof— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) August 27, 2025
Напаѓачот е исто така мртов. Полицијата верува дека напаѓачот, кој си го одзел животот на паркингот пред училиштето, дејствувал сам. Полицијата соопшти дека имал околу 20 години, но сè уште не е познато дали бил поранешен ученик во училиштето.
Вооружен со три оружја, вооружениот човек отворил оган низ прозорците кон децата и другите верници за време на мисата по повод првата недела од школувањето по празниците.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, потврди дека пукањето се случило во католичко училиште и го опиша инцидентот како „страшен чин на насилство“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е целосно информиран за инцидентот и дека ФБИ брзо реагира и е на местото на настанот. „Молете се за сите погодени“, напиша Трамп на Truth Social.
Свет
Застрелан младоженец на пукање на свадба во Турција

Младоженец почина од повредите здобиени во пукотница на неговата свадба во северна Турција.
Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.
Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.
Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.
Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.
Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.