Свет
Протече нацрт планот на Путин: акцентот е ставен на семејството, државата и народот
Иако до претседателските избори останува уште една година, тимот на рускиот претседател Владимир Путин предводен од Сергеј Кириенко веќе работи на кампањата, пишува Јутарњи лист.
Кампањата ќе се заснова на „идеолошките постулати на конзервативизам, изолационизам и руска уникатност и самодоволност“, не само во економска, туку и во социјална, културна и вредносна смисла, т.е. на пропагирање на Русија како „држава за себе“ и „состојба сама по себе“.
Ќе се базира на т.н традиционалните руски вредности и агресивниот антизападенизам и претставувањето на другите, пред се на Западот, како непријатели и оние кои сакаат уништување и распарчување на Русија. Акцентот е ставен на семејството, единството на државата и народот и руската традиција во центарот на светот.
Во таков амбиент Владимир Путин ќе биде претставен како чувар и заштитник на рускиот начин на живот и рускиот начин на размислување и пречка за декадентните идеи на западниот либерализам и демократија кои се туѓи, непознати и непријателски настроени кон Русите. Затоа, Путин е ставен во центарот на сè како интегративен фактор и еден вид орев околу кој сите мора да се соберат.
Според оваа идеја, фокусот треба да биде на антизападноста, а не на идејата за „руски свет“. Конкретно, ќе се пропагира идејата дека се чувствува должен кон државата и дека нематеријалното има приоритет над меркантилното, а заедничкото пред личното.
Ова се клучните позиции на кои ќе се инсистира во кампањата на Путин, а кои протекоа од средбата на водечките луѓе од администрацијата на претседателот со главните спроведувачи и пропагандисти, пишува рускиот независен портал „Медуза“, кој беше прогласен за непожелен и „странски агент“ во самата Русија, а пренесува „Јутарњи лист“.
Според она што беше слушнато на средбата, се заклучува дека ќе се гради култот на Путин и државата и дека најважни се целите и мисијата на државната политика, а за ова ќе се изградат главните конзервативни постулати – семејството, единството на државата и општеството, редот и работата за државата и нејзината политика.
Путин е на власт 23 години (од 2008 до 2012 година Дмитриј Медведев беше формален шеф на државата, само за да го чува тронот на Кремљ за него).
Моментално го отслужува четвртиот претседателски мандат, а пред две години со промена на уставот, со кој се откажани претходните мандати, си дозволи уште два мандати од најмалку шест години, за да може да владее до 2036 година, односно додека не биде 84 години, што ќе го направи најдолговечниот руски владетел во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.