Европа
Професор од Киев: Во Русија ќе има промени, Путин не е вечен

Професорот од Киев, Максим Камениецки од Универзитетот „Тарас Шевченко“, Институтот за меѓународни односи, опиша како изгледа животот сега во главниот град на Украина.
„Нештата што го сочинуваат обичниот живот – резерви, продавници, греење, струја, вода, сите сега работат нормално. Имавме тешкотии кога имаше намалувања за 30 часа, но сега сè функционира. Животот, барем во Киев, изгледа нормално. Но, повремените несреќи во воздухот предизвикуваат безбедносни проблеми, оценува тој.
„Кога има тревога за воздушен напад, градскиот транспорт не работи, поголемите продавници мора да ги пуштат сите посетители, канцелариите не работат, градинките со децата мора да одат во засолништа. Но, ние веќе научивме да живееме со тоа“, изјави професорот Камениецки за емисијата „Добро утро, Хрватска“ на ХРТ.
Камениецки вели дека живее во зграда во која останале сите станари и дека луѓето станале пообединети. „Во моето маало живеат луѓе од средна и пониска класа, тие не сакаат да си одат затоа што мислат дека немаат доволно пари да живеат на друго место.
Во овие услови луѓето станаа посолидарни еден кон друг. Тоа беше особено видливо кога им се помагаше на постарите и на луѓето со мали деца“, рече тој осврнувајќи се на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека војната ќе заврши во 2023 година.
„Претседателот може да го каже тоа поради две причини. Првата е затоа што знае повеќе од нас и веројатно се подготвува нешто за да се стави крај на војната. А втората причина е да се подигне моралот. Ми се допаѓа првата причина и она што го гледам сугерира дека тоа е некој план“, коментира киевскиот професор.
Камениецки смета дека и во Русија ќе има политички промени. Тој смета дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја напушти власта.
„Путин не е вечна личност, тој не е вечен претседател и на некој начин ќе ја напушти власта. Тешко ми е да кажам кога ќе биде тоа. Русија е земја во која владее оној што владее со медиумите, а Русите се под некаква медиумска анестезија“, изјави Камениецки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.