Свет
Северна Кореја ќе ги затвора родителите на децата што гледаат холивудски филмови
Во Северна Кореја родителите на детето за кое е утврдено дека гледало холивудски филм ќе завршат во логор за принудна работа шест месеци.
И самите деца за кои ќе се утврди дека го гледале холивудскиот филм, ќе се соочат со незамислива петгодишна казна.
Во обид да ги интензивира репресиите врз западните медиуми, Северна Кореја сега се заканува дека ќе ги затвори родителите доколку нивните деца бидат фатени како гледаат холивудски филмови и ТВ-емисии.
Претходно, родителите прогласени за виновни за ова „злосторство“ можеа да се извлечат со строго предупредување.
Според извештајот на „Мирор“, севернокорејски извори велат дека Пјонгјанг вовел Инминбан – задолжителен состанок за набљудување во соседството, каде што наредбите на режимот се пренесуваат до заедниците.
На родителите ќе им биде кажано дека државата повеќе не нуди милост за оние што се фатени со шверцувани филмови. Инминбан исто така ќе ги предупреди родителите дека не ги воспитале правилно своите деца според социјалистичките идеали на Ким Џонг-ун.
Цел не се само љубителите на филмовите бидејќи Ким Џонг-ун најави и серија построги мерки во однос на танцувањето, зборувањето и пеењето.
Секој што ќе биде откриен дека се однесува како Јужнокореец ќе добие и шестмесечна казна, како и нивните родители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Камион без возач прегази најмалку 29 ученици на фестивал во Киргистан
Камион без возач прегази 29 ученици на фестивал во Киргистан.
Камионот што го користел продавач на сладолед ненадејно тргнал по удолницата и прегазил голем број ученици, од кои многумина биле свртени со грб.
Многумина успеале да побегнат, но 29 лица биле прегазени.
Осумнаесет деца на возраст од девет до 16 години се хоспитализирани, додека кај седум има опасност по живот.
Инцидентот го снимила камерата на дронот која го снимила моментот кога децата го држат големото знаме на Киргистан.
На видеото се гледа како камионот ненадејно се движи по удолницата и минува низ групи деца.
Полицијата покренала истрага, а според една од пријавите, возачот заборавил да ја повлече рачната сопирачка.
Европа
„Неприфатливо, нема да помине без последици“: Бербок ја обвини Русија за сајбер напад врз Германија, руски дипломати повикани на разговор
Германското Министерство за надворешни работи ги покани претставниците на руската амбасада на состанок во врска со наводниот руски сајбер напад врз Социјалдемократската партија на Германија (СПД) минатата година.
„Руски државни хакери ја нападнаа Германија во сајбер просторот“, соопшти министерката за надворешни работи Аналена Бербок при посетата на Австралија.
СПД во јуни 2023 година објави дека е-поштата на извршниот директор на СПД претходно биле цел на сајбер напад во јануари, пренесува „Велт“. Портпаролката на СПД истакна дека постои можност да имало одлив на податоци за време на рускиот напад.
„Денес јасно можеме да го припишеме овој минатогодишен напад на групата „АПТ28“, која е контролирана од руската тајна служба „ГРУ“. Ова е целосно неприфатливо и нема да помине без последици“, изјави Бербок.
Според податоците на германската канцеларија за заштита на уставот, групата „APT28“ е активна ширум светот, пред се во областа на сајбер шпионажата, најмалку од 2004 година. Во минатото, според Канцеларијата, оваа група водела дезинформации и пропагандни кампањи во сајбер просторот и е „меѓу најактивните и најопасните сајбер актери во светот“.
Германската федерална канцеларија за заштита на уставот исто така смета дека „АПТ28“ е дел од руската воена разузнавачка служба „ГРУ“, пишува „Велт“. Се вели дека групата е обвинета за голем сајбер напад врз Бундестагот во 2015 година, а подоцна и во САД за напад врз Демократската партија пред претседателските избори во 2017 година.
Според информациите на германската новинска агенција, истрагата на федералната влада ги вклучила сите германски тајни служби, вклучително и Канцеларијата за заштита на Уставот, Федералната разузнавачка служба и Воената контраразузнавачка служба. „Велт“ наведува дека нападот врз СПД бил дел од кампањата „АПТ28“ во неколку европски земји, која е насочена против владините служби и компаниите кои се занимаваат со снабдување со енергија, ИТ, вооружување или авијација.
Свет
(Видео) Германска компанија лансираше ракета напојувана со цврсто парафинско гориво
Германската компанија HyImpulse денеска успешно лансираше ракета, напојувана со цврсто парафинско гориво, која ќе може да носи комерцијални сателити.
„Ја покажуваме силата на Германија како вселенска нација и го прошируваме пристапот на Европа до вселената“, рече шефот на компанијата Марио Кобалд.
We will be attempting to launch the SR75-1 ‘Light this Candle!’ mission from the Koonibba Test Range tomorrow Friday 3 May from 1430 (ACST)!
To view the launch travel to the Koonibba township.
The launch is subject to weather and may be delayed or scrubbed on the day. pic.twitter.com/xJiOopzK9n— Southern Launch (@SouthernLaunch) May 2, 2024
Дванаесет метри долга и 2,5 тони тешка ракета наречена SR75 беше лансирана околу 5 часот по европско време од Куниба, Австралија.
Може да носи помали сателити со тежина до 250 килограми до височина до 250 километри, а може да работи на цврсто парафинско гориво или течен кислород
At 2.40pm ACST @HyImpulseTech successfully launched their SR75 rocket from @SouthernLaunch‘s Koonibba Test Range. 🚀
The mission was the inaugural launch attempt of the SR75 rocket, & the first high power rocket permit to be issued under 🇦🇺 Australian law. pic.twitter.com/pmM6t3Uj0v
— Australian Space Agency (@AusSpaceAgency) May 3, 2024
Парафинското гориво се користи како поевтино и побезбедно алтернативно ракетно гориво. HyImpulse тврди дека заштеди до 50 проценти.
Германската компанија со околу 65 вработени објави дека веќе добила преднарачки за лансирање сателити во вредност од над 100 милиони евра.
HyImpulse сака да го прошири својот бизнис бидејќи расте побарувачката за транспорт на комерцијални сателити, па до 2032 година сака да оствари приходи од 700 милиони евра.