Свет
Пукање на матура во Вирџинија, има мртви и ранети: 19-годишник влета во толпата со четири пиштоли

Две лица загинаа, а неколку се ранети во пукање, што се случи во американската сојузна држава Вирџинија за време на церемонијата на доделување дипломи.
Маж вооружен со четири пиштоли уби две лица и рани пет други кога отвори оган врз толпата на церемонијата на дипломирање во Ричмонд, Вирџинија.
Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот, 19-годишник, кој познавал една од жртвите и се верува бил скаран со неа.
Тој пукал во неа додека стоела во толпата, која штотуку го напуштила кампусот на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“, каде што се одржувале локалните церемонии за доделување дипломи, се вели во соопштението на полицијата.
Осомничениот побегнал од местото на настанот и бил уапсен, а кај него биле пронајдени четири пиштоли, од кои можеби три биле употребени.
Загинатите се на возраст од 18 и 36 години, а меѓу ранетите е 31-годишен маж, кој добил повреди опасни за животот, а други четворица на возраст од 14, 32, 55 и од 58 години се повредени, соопшти полицијата.
Деветгодишно девојче било удрено од автомобил во паниката што настанала при пукањето, а при падот се повредени неколку лица, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.