Свет
Путин го покани Ердоган да ја посети Русија
Рускиот претседател, Владимир Путин, го покани турскиoт претседател, Реџеп Таип Ердоган, во работна посета на Русија и, како што пренесе прес-службата на Кремљ, поканата е прифатена.
„Владимир Путин го покани Реџеп Таип Ердоган во следните денови да оствари работна посета на Русија. Поканата е прифатена“, се наведува во соопштението.
Освен тоа, во него се наведува дека лидерите на двете земји се изјасниле за продолжување на процесот на политичко надминување на конфликтот во Сирија и ја изразиле својата намера на крајот на октомври во Женева да го овозможат свикувањето на Уставниот комитет под патронат на ОН. Претседателите исто така ја потврдиле својата посветеност за обезбедување на територијалната целост на Сирија, соопшти прес-службата на Кремљ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

