Свет
„Путин го уби Алексеј, отруен е со новичок“: Јулија Навални вети дека ќе ги именува оние што се вмешани во неговата смрт
Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави видео во кое наведува дека нејзиниот сопруг е отруен со новичок и затоа руските власти го кријат неговото тело.
Видеото е објавено на социјалните мрежи на Алексеј Навални.
View this post on Instagram
Ова беше првпат Јулија Навални да зборува од петокот, денот кога беше објавена смртта на нејзиниот сопруг, а таа учествуваше на безбедносна конференција во Минхен.
Таа ги обвини руските власти дека го кријат телото на Навални велејќи дека сѐ уште чекаат трагите од нервниот агенс новичок да исчезнат од неговото тело.
„Мојот сопруг беше убиен од Владимир Путин. Некаде во затвор надвор од Арктичкиот круг, Путин не само што го уби Алексеј Навални како личност, тој сакаше да ги убие нашата надеж, нашата слобода, нашата иднина. Точно знаеме зошто Путин го уби Алексеј пред три дена. Набргу ќе ви кажеме. Но, најважното нешто што можеме да го направиме за Алексеј и за себе е да продолжиме да се бориме“, вели Јулија во видеото и вети дека ќе ја продолжи мисијата што ја почна Алексеј.
Таа исто така вети дека ќе ги именува оние што се вмешани во неговата смрт и зошто е убиен.
Овие коментари доаѓаат откако портпаролката на Навални изјави дека на мајка му и на адвокатот им било забрането да го видат неговото тело утрово во мртовечницата.
„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија. Со убиството на Алексеј, Путин уби половина од мене – половина од моето срце и половина од мојата душа. Но, сѐ уште ја имам другата половина, која ми кажува дека немам право да се откажам“, изјави Навални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.