Свет
Путин: Нуклеарното оружје постои за да се користи

Русија останува во борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но не брза да го стори тоа во моментот, изјави вчера рускиот претседател, Владимир Путин.
Во интервју за државните медиуми, Путин, кој почна сеопфатна инвазија на Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори на 15-17 март, рече дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.
„Од воено-техничка гледна точка, се разбира, ние сме подготвени“, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“ и за новинската агенција РИА на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.
„(Во САД) Има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање. Затоа не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвен за тоа“, рече Путин.
Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е наведено во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги утврдува околностите под кои Русија би можела да го користи своето оружје.
„Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) 19 лица загинаа или се исчезнати по силна експлозија во воена фабрика во Тенеси

Деветнаесет лица се мртви или исчезнати откако силна експлозија уништи зграда во објект за експлозиви во Тенеси во петокот. Детонацијата ги потресе блиските домови и предизвика серија помали експлозии, потврдија локалните власти, објави Си-ен-ен.
Експлозијата се случила околу 7:45 часот наутро по локално време, а шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, ја опиша како „разорна“ на прес-конференција. Тој додаде дека службите за итни случаи ја обезбедиле пошироката област на несреќата доцна претпладне.
On Friday, October 10, an explosion was reported at a Tennessee explosives manufacturer in Hickman County.
The explosion took place at the Accurate Energetic Systems in the Bucksnort area. pic.twitter.com/B7MA2VJgyR
— NewsChannel 5 (@NC5) October 10, 2025
„Во овој момент имаме неколку лица кои се водат како исчезнати“, рече Дејвис. „Можеме да потврдиме дека имаме некои кои загинале“, додаде тој, а Би-би-си објави дека најмалку деветнаесет лица се водат како исчезнати.
Објектот, во сопственост на Accurate Energetic Systems, LLC, се наоѓа на границата на окрузите Хикман и Хамфрис, околу еден час возење југозападно од Нешвил, соопшти канцеларијата на шерифот.
Голем број служби за итни случаи се на местото на настанот, проценувајќи ја штетата и гасејќи го пожарот. Поради ризикот од секундарни експлозии, спасувачите моментално се на безбедно растојание од епицентарот.
Европа
Макрон го врати на функцијата премиерот кој поднесе оставка по само еден ден

Францускиот претседател Емануел Макрон го повторно назначи Себастијан Лекорну за премиер, само неколку дена откако ја прифати неговата оставка по падот на неговата влада што траеше само една ноќ. Елисејската палата ја потврди веста, објави Си-ен-ен.
Изненадувачкиот потег завршува една недела драматични превирања во француската политика.
Лекорну го објави својот кабинет доцна во неделата, но беше јавно критикуван од неговиот министер за внатрешни работи истата вечер. Тој поднесе оставка во понеделник наутро, која Макрон ја прифати, само за претседателот да се предомисли и да го задолжи да го пронајде својот наследник во рок од 48 часа преку итни разговори со политичките ривали.
И покрај овие напори, Макрон се чини дека решението за политичката криза и честите промени на премиерите го гледа во старо-ново име.
фото: принтскрин
Свет
(Фото) Драматични сцени од Газа, Палестинците по враќањето: „Тие уништија сè“

Илјадници жители на Газа почнаа да се враќаат од јужните делови на енклавата кон север и градот Газа, неколку недели откако беа протерани од израелската офанзива што го претвори поголемиот дел од градот во урнатини.
Бројни видеа и снимки покажуваат луѓе како одат на север по тесни, оштетени крајбрежни патишта, покрај урнати облакодери и урнати згради во најголемиот град во Појасот Газа. Многумина пешачеле повеќе од 20 километри, носејќи го она што им останало од работите на грб. Оние кои можеле да си дозволат да платат, изнајмиле магариња, коли или мали камиони по високи цени за да го олеснат патувањето.
„Некои од нас мавтаат со палестински знамиња и покажуваат знаци на победа, но преовладува исцрпеност. Многумина се слаби и неухранети по месеци раселување, глад и страв“, рече наставникот Алаа Салех, кој избегал од градот Газа со своето семејство во Кан Јунис. „Патувањето е долго и тешко, нема храна ни вода“, додаде Алаа Салех, пренесува Би-би-си.
Враќањето е мотивирано од очај, а не од верувањето дека е безбедно. Многумина веќе слушнале дека нивните домови се уништени или станале неупотребливи. Се проценува дека 700.000 луѓе од градот Газа и северот се раселени поради израелската офанзива, која вклучуваше интензивни воздушни напади и копнени упади. Израелските сили го опишаа градот Газа како „последно упориште“ на Хамас.
По повлекувањето на силите во согласност со договорот за прекин на огнот и размена на заложници, жителите на северните и западните населби на градот Газа наидоа на невиден пустош. Во областите Шеик Радван, Карама и Бич Камп, цели станбени блокови се срамнети со земја, стотици домови се уништени, а основната инфраструктура е практично збришана.
Десетици видеа на социјалните медиуми покажуваат како локалното население шета низ урнатините и снима што останало од нивните населби. „Ова е последната зона до која можеме да стигнеме. Армијата е сè уште блиску. Погледнете го обемот на уништувањето, тие уништија сè“, вели еден човек во видео што циркулира на интернет.
Додека некои го документираат уништувањето, други им помагаат на тимовите за цивилна заштита на Хамас да ги извлечат телата од подруми и купишта урнатини. „Во петок наутро извлековме осум тела од северна Газа“, изјави портпаролот Махмуд Басал за Би-би-си, додавајќи дека спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат остатоците од градот „со многу ограничени ресурси“.
фото: принтскрин