Свет
Републикански конгресмени му испратија писмо на Блинкен: Дали перете пари со Киев?
Републикански конгресмени испратија писмо до американскиот државен секретар Ентони Блинкен во кое бараат информации за можни финансиски врски меѓу Демократската партија и владата на Украина.
Неодамна имаше теории дека демократите и владата во Киев се поврзани преку банкротираната криптоберза FTX.
Писмото, во кое „Спутник“ имал увид, го потпишале конгресмените Трој Нелсон, Луи Гомерт, Мери Милер и Бирдон Доналдс.
„Дознавме дека милијарди долари од даночните обврзници, кои беа испратени во Украина како воена помош, потенцијално може да се инвестираат во берзата за криптовалути FTX, која подоцна им донира огромни средства на американските демократи за време на конгресните избори во 2022 година“, се вели во писмото, во кое „Спутник“ имаше пристап до копија.
Во писмото се тврди дека во март оваа година, владата на Украина, заедно со FTX, отворила страница за собирање донации. Конгресмените тврдат дека тоа се случило само неколку дена откога американскиот претседател Џо Бајден ветил дека ќе одвои милијарди долари за помош на Украина.
Републиканците стравуваат дека украинската влада можела да инвестира дел од средствата доделени на Киев во берзата FTX, а потоа да ги искористи за да им помогне на демократите да останат на власт во САД.
Во врска со ова конгресмените побараа од Блинкен извештај за тоа дали Стејт департментот спроведува истрага за можните инвестиции на Украина во криптоберзата и дали администрацијата на Бајден има намера да спроведе ревизија на помошта доделена на Украина.
По минатонеделните среднорочни конгресни избори републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, а демократите го задржаа мнозинството во Сенатот.
Претходно, членовите на Републиканската партија постојано ја критикуваа политиката на актуелната американска влада во однос на финансиската поддршка за Киев заканувајќи се дека во случај на победа на изборите ќе ја заострат контролата за ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

