Свет
Рејтингот на Трамп нагло се зголеми по појавувањето на суд: повеќето републиканци сакаат тој пак да биде претседател
Американците се поделени за кривичното гонење на поранешниот претседател Доналд Трамп, но се чини дека случајот ги зголеми неговите шанси да ја добие републиканската номинација во 2024 година, покажува анкетата на „Ројтерс“ и на „Ипсос“ објавена вчера.
Анкетата беше спроведена во средата и четвртокот откога обвинителите во Њујорк во вторникот поднесоа обвинение против Трамп од 34 точки.
Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно обвинителите да го отворат првиот кривичен случај против американски претседател или поранешен претседател. Сепак, околу 84 отсто од оние што се опишале себеси како демократи рекле дека обвиненијата се оправдани, а само 16 отсто од републиканците се согласија со тоа.
Речиси 40 отсто од републиканците рекле дека тоа ги прави поголеми шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, а 12 отсто рекле дека тоа ги прави помали шансите да го поддржат. Други 38 отсто рекле дека сè што се случило со Трамп немало влијание врз нивното мислење.
Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, а 58 отсто од републиканците изјавија дека тој е нивниот омилен кандидат. Тоа е повеќе од 48 отсто во анкетата на „Ројтерс“ и на „Ипсос“ објавена во понеделникот.
Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, кој не влезе во трката, беше втор со 21 процент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.