Свет
Рибари пронашле тела на мигранти кои пловеле по морето со месеци

Во мал брод во близина на брегот на Тринидад и Тобаго на Карибите, рибари пронашле тела на 14 мигранти, пишува италијанскиот весник „Авенире“.
Според состојбата на труповите, тие пловеле по морето со недели, ако не и со месеци.
Според реконструкцијата на полицијата, мигрантите го напуштиле брегот на Источна Африка, според СИМ-картичката на мобилниот телефон пронајден во чамецот, од Мавританија, и наместо 800 километри што ги делеле од Канарските Острови, морските струи ги однеле 5.000 километри далеку од Карибите.
Во морето во моментов се трага по уште три чамци меѓу африканскиот брег и Канарските Острови, чие заминување беше пријавено од членови на семејствата пред три недели, но засега нема вести за судбината на мигрантите кои биле во чамците.
Брод со 24 тела и тројца истоштени мигранти е пронајден во истата област пред еден месец.
Весникот „Авенир“, весник на Италијанската католичка црква, редовно известува за состојбата со мигрантите. Написот проценува дека само оваа година најмалку стотина луѓе го загубиле животот на мигрантската рута по должина на брегот на Источна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.