Свет
Романски мигранти уапсени откако ограбиле шест француски цркви
Двајца романски имигранти беа уапсени во Париз откако беа осомничени за серија кражби на цркви во градот и околните предградија, предизвикувајќи штета од најмалку 70 000 евра. Двајцата мигранти, на возраст од 29 и 41 години, биле приведени на 22 август откако се обиделе да продадат електрични кабли што ги украле од пункт за рециклирање метали и биле обвинети за серија црковни грабежи што се случија од април до август, пренесува „Лепоан“.
„До крајот на јуни се случија неколку грабежи во цркви во Париз, но и во Сена-Сен Дени и Сена-ет-Марн при што биле украдени предмети во вредност од најмалку 70 000 евра“, изјави извор близок до истрагата, коментирајќи го апсењето.
Една од кражбите се случила на 27 јуни во црква во 16. округ во Париз и при што сведок бил парохискиот свештеник. Крадецот оставил зад себе торба со злато и дијаманти кои биле земени од статуата на Богородица заедно со ракавици, хебла и шрафцигер. Црква во Орлеан била нападната од непознати вандали, делумно ја запалиле, ја вандализирале внатрешноста и испишале пораки со говор на омраза. Двајцата мигранти негираа вмешаност во кражбите.
Француските цркви во последниве неколку години биле цел на напади на крадци и на пиромани. Француските цркв беа нападнати и од левичарските активисти во Париз, кои заедно со голем број нелегални мигранти насилно влегле во базиликата Сен Дени, каде што се погребани француските кралеви. Минатата година француското Министерство за внатрешни работи објави дека бројот на зголемување антихристијански напади и на напади врз црквите се зголемил за 245 отсто .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.