Контакт

Свет

Русија го обвини Западот дека ја користи Украина како локација за тестирање

Објавено пред

Русија во четвртокот го обвини Западот дека не покажува интерес за мирно решавање на конфликтот во Украина и за користење на земјата локација за тестирање.

dobivaj vesti na viber

„Се води прокси војна со Русија и со Украина. Од последниот состанок на Советот во февруари за испорака на западно оружје за Украина, неговиот прилив не само што не се намали туку и постојано расте“, истакна рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН.

Небензја тврди дека одредени држави не се придржуваат до договорите за разоружување и неодговорно го поттикнуваат ширењето на оружјето во Украина.

„Целите на колективниот Запад им се јасни на сите – користење на Украина како полигон за тестирање, развлекување на конфликтот до последниот Украинец… далеку од моралните принципи и хуманитарните вредности“, рече тој.

Русија претходно ги обвини САД – без докази – дека финансираат лаборатории за биолошко оружје во Украина иако Вашингтон ги негира тврдењата.

Роберт Вуд, заменик-амбасадор на САД во ОН, рече дека испораките на оружје за Украина не се причина за продолжување на неотребната војна на Русија.

„Ако Русија навистина сака деескалација, едноставно, ќе ги повлече своите трупи и ќе стави крај на својата инвазија“, рече тој.

Реагирајќи на коментарите на рускиот амбасадор, францускиот амбасадор во ОН, Николас де Ривиер, праша:

„Што очекува Русија? Дека испораката на оружје за Украина ќе престане за да може таа да победи во оваа војна и да ја наметне својата волја? И што понатаму? Потоа можеме да преминеме на нешто друго, на нова агресија. Русија не може и не смее да победи во овој конфликт“, рече Ривера.

Како што додаде тој, не може да се прифати „нормализација на незаконската употреба на сила“.

„Не можеме да живееме во свет во кој суверенитетот и безбедноста на сите зависат само од рамнотежата на силите“, порача францускиот дипломат обвинувајќи ја Москва за кршење на резолуциите на ОН, со тоа што се обидува да набави оружје нелегално за да ги надополни своите резерви со купување борбени беспилотни летала од Иран и ракети и муниција од Северна Кореја.

Коментарите на Небензја доаѓаат откога украинскиот претседател Володимир Зеленски успешно обезбеди повеќе транши оружје за да ги зајакне одбранбените способности на својата земја.

Германија најави дополнителен пакет воена помош вреден 2,7 милијарди долари, кој вклучува тенкови „леопард“ и дополнителни противвоздушни системи, а Британија најави донација од ракети со долг дострел „сторм шедоу“, кои ќе му овозможат на Киев да ги потисне руските силкраинси од уката територија.

Директорот на Канцеларијата на ОН за разоружување и заменик на високиот претставник, Адедеџи Ебо, предупреди дека приливот на оружје во секој вооружен конфликт може да го зголеми ризикот од ескалација.

Свет

Авион се судри со јато птици во Мумбаи

Објавено пред

Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.

dobivaj vesti na viber

Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.

Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.

„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак

Објавено пред

Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.

dobivaj vesti na viber

„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.

Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.

Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.

Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.

Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.

Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија14 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија15 часа

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија16 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет18 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија19 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија19 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија21 час

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија22 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа22 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија22 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет23 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет23 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет23 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет23 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија1 ден

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија2 дена

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија2 дена

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија2 дена

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија2 дена

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...