Свет
Русија испорачува 100 милиони дози вакцина во Индија
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) се согласи да обезбеди 100 милиони дози вакцина против коронавирусот, наречена Спутник V, на фармацевтската компанија во Индија „Лабораторија на д-р Реди“, објави Фондот, пренесува „Танјуг“.
Договорот следуваше кога Рускиот фонд постигна спогодба со индиските производители за производство на 300 милиони дози вакцина во Индија, која е главен корисник на руската нафта и оружје, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата „Лабораторија на д-р Реди“ ќе ја спроведе третата фаза на клинички испитувања на вакцината во Индија, која треба да добие регулаторно одобрување, наведува РДИФ.
Испораките во Индија може да почнат на крајот на 2020 година, додава РДИФ, нагласувајќи дека тоа е предмет на завршување на клиничките испитувања и регистрација на вакцината во Индија.
На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрирала вакцина против коронавирусот, наречена „Спутник V“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.
Свет
Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми
Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.
Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.
Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.
Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.