Свет
Руска комесарка насилно предала илјадници украински деца во Русија на посвојување
Американската и европските влади тврдат дека Русите насилно ги носат децата од Украина во Русија, каде што се сместени во новоотворени кампови за политичко превоспитување или им се даваат на руски семејства на посвојување. Ова го потврди новиот извештај на истражителите од Универзитетот „Јејл“, пренесува Си-ен-ен.
Многубројни извештаи на Западот на оваа тема ја идентификуваа главната одговорна за присилната депортација на децата. Станува збор за Марија Лaвова-Белова, комесарка за правата на децата на Русија и „една од најинволвираните лица во руската депортација и посвојување украински деца, како и во употребата на кампови за интеграција на украинските деца на руски јазик, општество и култура“, како што е наведено во извештајот на Опсерваторијата за конфликти на лабораторијата за хуманитарни истражувања „Јејл“.
Лaвова-Белова, која Путин ја назначи за комесар во 2021 година, го отвори својот канал на „Телеграм“ неколку дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Заедно со фотографиите на руските моќници, како што се самиот Путин и Сергеј Лавов, редовно објавува фотографии и видеа од бајковитиот живот што наводно им се нуди на украинските деца во Русија.
„До крајот на неделата 108 сирачиња од Донецк, кои добија руско државјанство, ќе ги добијат своите родители“, напиша Лвова-Белова во типична објава на својот канал на „Телеграм“ минатиот јули.
Лавовa-Белова редовно ја посетува окупирана Украина, а руската влада се фали дека таа лично придружувала авиони полни со деца од Украина. Путин ја овластил да користи неодредени дополнителни мерки за да ги идентификува децата без родителска грижа во четири украински региони за кои Русија тврди дека ги присоединила.
Лaвовa-Белова е санкционирана од повеќето западни земји поради нејзината наводна улога во киднапирањето деца.
„Напорите на Лaвов-Белова вклучуваат принудно посвојување украински деца во руски семејства, таканаречено патриотско воспитување украински деца, законски измени за забрзување на доделувањето државјанство на Руската Федерација на украинските деца и намерно земање украински деца“, објави американското Министерство за финансии во септември.
УНИЦЕФ предупредува дека „никогаш не треба да се посвојува за време или веднаш по трагични настани“ и дека за време на воените пресврти децата одвоени од родителите не може да се прогласат за сираци, што Русија го прави во голем обем. ОН сметаат дека присилното префрлање на населението на друга земја во или надвор од нејзините граници е воено злосторство.
Русија ги опиша извештаите за присилното преселување како „апсурдни“ и рече дека „прави сè што може“ за да ги задржи децата со нивните семејства.
Лавовa-Белова досега организира префрлање стотици или дури илјадници украински деца од окупираните територии на Украина во земја што води војна против нивната татковина. Во Украина, пак, илјадници деца се сметаат за исчезнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.