Свет
Руски олигарх пронајден мртов во Лондон
Рускиот олигарх Михаил Ватфорд (66) е пронајден мртов во гаражата на својата британска вила, а многумина се прашуваат дали тоа има некаква врска со руската инвазија на Украина.
Вотфорд го пронашол градинар како виси на таванот на гаража во вила вредна околу 18 милиони фунти недалеку од Лондон.
Полицијата моментно го истражува случајот поради страв дека можеби се наоѓал на списокот на лица што треба да бидат ликвидирани иако официјално не бил под санкции како другите бизнисмени.
„На неговата психичка состојба можеби влијаела ситуацијата во Украина, но времето на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не е случајност“, коментира негов пријател.
„По сите други сомнителни смртни случаи на Руси во Велика Британија, природно е дека сега сите сме скептични за неговата смрт“, додаде друг извор близок до семејството.
Ватфорд се збогатил со компанија за преработка на нафта во Украина, а во 2000 година пристигнал во Велика Британија и си го сменил презимето. Тој живеел во Велика Британија со сопругата, двете деца и детето од првиот брак.
A Russian tycoon has been found hanged in his garage at home in England.
The body of Mikhail Watford was found by a gardener on the Wentworth Estate in Virginia Water, Surrey, on Monday.
Watch this space.
— JackElphinstone. (@ElphinstoneJack) March 2, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.
Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.
Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.
„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.
Свет
Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.
Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.
Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.
Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.