Свет
Сведок на убиство во Франција: Полицаецот рече дека ќе му пука во главата
Франција ја доживеа петтата ноќ на немири, со тешки судири меѓу полицијата и демонстрантите во јужниот град Марсеј, но ноќта сепак беше помирна отколку во изминатите денови.
Немирите започнаа откако полицијата во вторникот го уби 17-годишното момче од алжирско потекло Нахел во париското предградие Нантер.
Неговиот пријател, кој бил во автомобилот, објавил видео на социјалните мрежи во кое вели дека сака да ја претстави својата верзија за настаните бидејќи на социјалните мрежи се шират многу лаги. Тој кажа дека двајцата позајмиле мерцедес и решиле да се возат: „Не бевме под дејство на алкохол или дрога“.
Тие возеле по автобуската лента кога забележале дека ги следат полициски мотори со вклучена ротација, па застанале. Полицаецот потоа отишол до прозорецот од автомобилот, вели младиот човек, и му рекол на Нахел да го спушти. Исклучи го моторот или ќе те застрелам“, рекол полицаецот, тврди младиот човек од автомобилот.
Тој вели дека полицаецот потоа го удрил Нахел со кундакот од пиштолот, а потоа пристигнал друг офицер кој исто така го удрил Нахел со кундакот. Тврди дека првиот офицер потоа му ставил пиштол на главата на Нахел и рекол: „Не мрдај или ќе ти ставам куршум во главата“.
Младиот човек тврди дека другиот полицаец тогаш рекол: „Пукај го“.
Тој вели дека првиот полицаец потоа повторно го удрил Нахел со пиштолот, поради што го ослободил стапалото од сопирачката и автомобилот се движи напред. Тој тврди дека другиот службеник потоа пукал со оружјето, поради што Нахел стапнал на гас.
„Го видов како го боли, се тресеше. Удривме во бариерата“, вели тој.
„Се плашев. Излегов од автомобилот и истрчав. Мислев дека може да ме застрелаат. Затоа истрчав”, рекол тој и додал: „Шокиран сум од она што се случи пред мои очи, на мојот пријател“.
Полицаецот кој го застрела Нахел побара од неговото семејство прошка.
Јавниот обвинител Паскал Праче рече дека полицајците се обиделе да го запрат тинејџерот бидејќи изгледал млад и возел Мерцедес со полски регистарски таблички на автобуската лента. Тој, наводно, поминал на црвено светло за да не биде запрен, а потоа заглавил во сообраќајот.
Полицаецот рече дека се плашел дека тој и неговиот колега или некој друг може да бидат удрени од автомобил додека Нахел се обидел да избега, рече обвинителот.
Полицаецот е ставен под службена истрага за убиството и е задржан во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Роб Јетен е најмладиот и прв геј премиер во историјата на Холандија
Роб Јетен (38) денеска официјално стана најмладиот и прв геј премиер во историјата на Холандија, откако кралот Вилем-Александар ја потврди неговата малцинска влада, јавува Хина.
Лидерот на прогресивната и проевропска партија Д66 ја однесе партијата до изненадувачка изборна победа во октомври, ветувајќи крај на политиката на поделби.
Владата ја сочинуваат Д66, демохристијаните (ЦДА) и десниот ВВД, но располага со само 66 од 150 пратеници во парламентот, што значи дека за секој закон ќе ѝ биде потребна поддршка од опозицијата.
Опозициските партии веќе ги критикуваа плановите за зголемување на одбранбениот буџет на 3,5 отсто од БДП до 2035 година, што треба да се финансира со кратења во социјалата и здравството и со нови даноци.
Владата најавува ограничување на надоместоците за невработеност, повисоки здравствени придонеси и побрзо зголемување на старосната граница за пензионирање. Најавен е и построг пристап кон азилот и миграцијата.
Јетен изјави дека има простор за подобрување на плановите пред усвојувањето на конечниот буџет.
Свет
Сикорски: Унгарија покажува шокантен недостаток на солидарност кон Украина
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес ја обвини Унгарија дека покажува шокантен недостаток на солидарност кон Украина и дека верува оти унгарската влада создава клима на непријателство кон Киев за да ја искористи во изборната кампања.
„Очекував многу поголемо чувство на солидарност од Унгарија кон Украина. Но, наместо тоа, со помош на државната пропаганда, владејачката партија успеа да создаде клима на непријателство кон жртвата на агресија. А сега се обидува да ја искористи на општите избори. Тоа е доста шокантно“, изјави Сикорски пред новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави претходно денес, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, дека континуираниот отпор на Унгарија јасно ставил до знаење дека на состанокот нема да се постигне консензус за предложениот нов пакет санкции против Русија.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.

