Свет
Северна Кореја ги обвини САД дека создаваат НАТО во Азија

Северна Кореја ги обвини САД за создавање воен сојуз во Азија по примерот на НАТО и истакна дека Пјонгјанг е принуден да ја развива одбраната поради целта на Вашингтон да ја смени власта во оваа земја.
Критиките беа упатени во време кога се стравува дека Северна Кореја се подготвува за првата нуклеарна проба по пет години откако лидерите на Јужна Кореја и САД неодамна потпишаа договор за распоредување дополнително американско оружје доколку е потребно за да се одврати Северна Кореја.
„САД отворено одржуваат воени вежби со Јапонија и Јужна Кореја и преземаат сеопфатни чекори кон воспоставување сојуз во стилот на НАТО во Азија“, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се повторува дека ваквите вежби претставуваат подготовки за војна против Северна Кореја.
„Ова укажува на лицемерството на американската реторика за дипломатски ангажман и дијалог без предуслови, а во исто време открива дека нема промена во амбициите на САД да го соборат нашиот систем со сила“, се додава во соопштението.
Министерството не ја спомена конкретно нуклеарната или ракетната програма, но наведе дека Пјонгјанг е принуден да ја развие својата одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мелони: Италија е еден чекор поблиску до признавање на Палестина

Италија сега е поблиску до признавање на државата Палестина по постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесе Анадолија.
„Очигледно, ако планот се спроведе, признавањето на Палестина од страна на Италија сигурно ќе биде поблиску“, изјави Мелони за новинарите на маргините на Мировниот самит во Шарм ел Шеик во Египет, објави АНСА.
Таа нагласи дека Италија сака да го поддржи воспоставувањето палестинска држава, а воедно да продолжи со хуманитарната помош за народот во Газа.
Мелони додаде дека Италија е подготвена да помогне во стабилизирањето на ситуацијата во Газа, вклучително и можноста за испраќање карабинери, доколку тоа го побара резолуција на Обединетите нации.
„Италија е подготвена да го даде својот придонес. Ова е одлична можност, историски ден. Горда сум што Италија е тука“, рече премиерката.
Таа го опиша договорот за прекин на огнот како „голем успех“ за американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи: „Му посакуваме уште поголем успех, почнувајќи од Украина“.
фото: принтскрин
Свет
Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме, но објави дека бродовите изградени во Кина ќе бидат ослободени, објави државниот радиодифузен сервис CCTV.
Деталите ги разјаснуваат специфичните одредби за ослободување, вклучувајќи бродови изградени во Кина, празни бродови што влегуваат во кинески бродоградилишта само за поправки и други бродови што се сметаат за ослободени од плаќање.
Кинеското Министерство за транспорт минатата недела објави дека ќе воведе нови пристанишни такси за да ги надомести американските пристанишни такси за бродовите што се упатуваат кон Кина, почнувајќи од истиот ден.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови во областа, соопштија службеници за итни случаи.
Екипите на Националниот систем за управување со ризици соопштија дека спасувачките напори се во тек, а телата се пронајдени во три одделни окна.
Un despreocupado minero nos enseña como se destruyen ecosistemas en busca de #OroDeSangre
…con la confianza cimentada en una lamentable certeza: la cómplice inacción castrense al #SurDelOrinoco pic.twitter.com/oissyKhXH1
— Fritz Sanchez (@Fritz_A_Sanchez) October 12, 2025
„Првата фаза од работата е испумпување на сите окна во секторот за да се намали нивото на водата, по што ќе следи проценка на спасувачките напори“, соопштија службеници за итни случаи во објава на социјалните медиуми.